Пророчицата баба Ванѓа, која почина пред 20 години, предвиде дека „Европа каква што ние ја знаеме нема да постои по 2016 година“. Многумина во „Брегзит“ го гледаат остварувањето на нејзиното пророштво, но и многубројните други пророштва за крајот на светот.– Во Европа во 2016 година речиси ќе нема никаков живот, континетот ќе изгледа опустошено и разорено. Европа ќе биде речиси ненаселена, а пред тоа ќе се случат низа катастрофи – предвиде пророчицата Ванѓа, чиишто визии се остваруваа во речиси 85 проценти од случаите.
По референдумот со кој Британците изгласаа излез од Европската унија, светските медиуми зборуваат за „балканскиот Нострадамус“, како што ја нарекуваат поради нејзините пророштва.
– Ванѓа предвиде дека ваква Европа повеќе нема да постои по 2016 година, а што е „Брегзит“ освен крај на стариот континент каков што ние го знаеме? Таа жена го предвиде терористичкиот напад на кулите Близначки во Америка на 11 септември, но и создавањето на Исламската држава. Предвиде дека популацијата во Европа ќе биде речиси нула поради инвазијата на муслимани, кои ќе се обидат да ја освојат. Кризата е насекаде во Европа, а сега уште и Британија заминува. Нејзините зборови мораме да ги земеме како сериозни, предупредува британски „Експрес“, но и поголемиот број европски медиуми.
Првите знаци на апокалипсата
Ванѓа не е единствената која имала „црни“ визии за Европа. Армагедонот кој го чека Стариот континент се споменува дури и во Библијата.
– Таму пишува дека доаѓаат кралеви од Север и Југ чиј судир може да биде кобен за Европа. Излегувањето на Британија од ЕУ може да биде токму тој судир, наведуваат англиските сајтови кои се бават со религија.Колку сето ова отиде далеку покажуваат и шпекулациите кои се појавија вчера, а според кои британската кралица била загрижена бидејќи се наближувал крајот на светот. Ако може да им се верува на изворите кои ѝ се довериле на англиската екипа на Јавниот сервис на Би-Би-Си, а кои се нашле во близина на британската кралица Елизабета втора, таа има намера да абдицира доколку Британија ја напушти ЕУ!
Кралицата го шокираше „Би-Би-Си“
– Бевме покрај кралицата додека чекаше да го одржи својот говор во Парламентот. Беше многу лута, велеше дека ако се случи „Брегзит“ дека крајот на светот е речиси сигурен и дека ќе почне трета светска војна! Рече дека Втората светска војна била само детска игра во однос на тоа што не чека ако Британија не остане во ЕУ. Сакаше да ги предупреди своите поданици на опасноста, но не и дозволија. Дури рече дека ќе ја предаде круната и ќе замине засекогаш од Британија ако се случи тоа – наводно ова го рекла кралицата Елизабета на запрепастената екипа на „Би-Би-Си“.
Крајот е сѐ поблиску
Можниот распад на ЕУ ја загрижи и САД, а тоа го покажува и примерот на американскиот свештеник и самонаречен пророк Пол Бигли за кого „Брегзит“ значи враќање на Исус на земјата.
– Сѐ се случува според Божја волја. „Брегзит“ е знак за распад, крајот се ближи! Ако Британија изгласа да излезе од ЕУ, следуваат големи промени. Ќе има глобална финанскиска криза и хаос, рече Бигли во своето видео -обраќање пред референдумот во Британија.
Крај на светот по црковниот собор на Крит
Бројни мрачни контроверзи го следат и сеправославниот собор на Крит, а на кој своето учество го откажаа Руската, Бугарската и Грузиската православна црква. Според некои верувања, овој собир е почеток на крајот на светот, а се одржува по повеќе од 1.200 години. Критичниот датум на собирање, односно денот кога претставниците на православните цркви тргнаа на Крит е 16.06.2016, бидејќи според претпоставките, претставува ѓаволски број поради трите шестки. Митрополитот пирејски Серафим предупредуваше дека овој собор може да биде пресуден за човештвото.– Во Европа во 2016 година речиси ќе нема никаков живот, континетот ќе изгледа опустошено и разорено. Европа ќе биде речиси ненаселена, а пре