Повеќе од 200 деца од Охрид ќе бидат дел од денешната Бадникарската литија што третпат ќе се одржи како дел од одбележувањето на големиот православен празник Божик.Литијата ќе почне во 10 часот пред храмот ,,Св.Георгиј“ и ќе продолжи по улиците „Питу Гули“ и „Јане Сандански“, по кејот на Охридското Езеро до Градскиот плоштад. Тука децата ќе бидат пречекани од претставници на локалната самоуправа, кои според најавите ќе им даруваат подароци. Потоа литијата според вообичаената практика ќе помине низ Охридската чаршија се до храмот „Успение на Пресвета Богородица-Каменско“, каде што на децата ќе им биде организиран пречек и ќе има бидат поделени подароци. Целиот свечен настан ќе заврши со заедничка молитва во храмот и заеднички Бадников ручек.
Од организацискиот одбор велат дека литијата има за цел продолжување на старата изворна и духовна традиција за прослава на овој празник.
– Дечињата кои ќе бидат дел од литијата се своевидна преслика на ангелите кои со пештерата на раце симболично ќе го навестат раѓањето на Синот божји, пеејќи ја некогашната стара коледарска песна „Вечниот Бог’’, велат од организациониот одбор на манифестацијата.Литијата ќе почне во 10 часот пред храмот ,,Св.Георгиј“ и ќе продолжи по улиците „Питу Гули“ и „Јане Сандански“, по к