Општина Аеродром оваа година бадниковите дрва ќе ги пренамени за семејства од социјално ранливите категории, наместо за бадникови огнови.Ова, всушност, е барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ при Советот на Општина Аеродром, кое денеска беше доставено до Општината, но исто така и на голем број граѓани поради големата загаденост на амбиенталниот воздух.
Затоа, Општина Аеродром одлучи барањето да го стави како посебна точка на дневен ред на 60-та седница на Советот на Општината, која ќе се одржи на 26.12.2016 година (понеделник) и доколку предлогот го прифати мнозинството советници, Општината ќе се обрати до Министерството за труд и социјална политика да овозможи пристап до список на лицата од социјално ранливите категории кои живеат на територијата на Општина Аеродром.Ова, всушност, е барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ при Советот на Општина Аеродром, кое денеска беше доставено до Општината, но