Баерн НЕ го признава резултатот

Тренерот на „баварците“ Пеп Гвардиола по завршувањето на мечот од полуфиналето во ЛШ помеѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид во стилот на македонскиот опозициски лидер Зоран Заев изјави дека Баерн не го признава вечерашниот пораз и катастрофалниот резултат од 4:0.Според Гвардиола, раководството на Баерн утре на итен состанок ќе одлучи кои ќе бидат следните чекори на сега веќе поранешниот европски шампион, но како што самиот нагласи, се' е во игра, па дури и можноста во знак на револт германскиот шампион да се откаже од настапот во ЛШ следната сезона.
-Ние го сакаме најдоброто за нашите навивачи. Не е можно да изгубиме 4:0 од Реал Мадрид на преполната „Алијанц Арена“ и дефанзивец како Серхио Рамос да ни даде 2 гола за четири минути. Каде е тука правдата и логиката, на гости изгубивме со 1:0, а дома губиме со 4:0, зарем не е сомнително? Овој резултат за нас е неважечки, а за следните чекори ќе одлучиме во текот на следните неколку дена. Згора над тоа, дознав дека на автобусот на Реал Мадрид му била истечена регистерската табличка од Пустец, од каде што е и прататкото на Серхио Рамос. Сето ова покажува дека нашата одлука за непризнавање на резултатот е исправна и е во корист на сите навивачи , нагласи видно разочараниот Гвардиола по крајот на мечот.
Запрашан од новинарите како го коментира потегот на Френк Рибери, кој му залепи шлаканица на Даниел Карвахал, Гвардиола рече дека неспортскиот гест на Французинот се должи поради тоа што Рибери забележал дека еден од навивачите на Реал Мадрид на „Алијанц Арената“ со двоглед го следи натпреварот и го одзема неговото внимание, што директно може да влијае на резултатот, бидејќи Рибери важи за еден од нивните најдобри фудбалери, поради што следел неспортскиот потег.
Шпанскиот стратег нагласи и дека очекувал поголема поддршка од навивачите на „баварците“ и дека малиот број на празни места на стадионот се должи на тоа што некои од навивачите на Баерн кои живееле во висококатниците во Минхен, не можеле навреме да стигнат на мечот, поради тоа што навивачи на Реал Мадрид во текот на вчерашниот ден го оневозможиле функционирањето на лифтовите во висококатниците.
Гвардиола потенцираше дека се очекува  во наредните денови да оствари средба со германската канцеларка Ангела Меркел и лично да го пренесе неговиот став за непризнавањето на резултатот од 4:0.
Секако, ова не се вистинските изјави на тренерот на Баерн Минхен после мечот, а сите сличности со она што моментално се случува на македонската политичка сцена се случајни. За разлика од лидерот на нашата опозиција, Гвардиола на крајот од мечот му пружи рака на неговиот опонент Карло Анчелоти и спортски го поднесе тешкиот пораз, изјавувајќи дека тој е виновникот и биле инфериорни во текот на мечот.
Саше СтојановскиСпоред Гвардиола, раководството на Баерн утре на итен состанок ќе одлучи кои ќе бидат следните чекори на сега веќе поранешниот европски шампион, но

Пронајдете не на следниве мрежи: