Од 27 до 29 јуни во Лесковац,соседна Србија се одржува традиционалната 16 по ред Балканска смотра на млади стрип автори, најстара манифестација од сферата на 9-та уметност во Регионот. Организатори на истата се Лесковачкиот културен центар и Училиштето застрип „Никола Митровиќ-Кокан“.Реномето на истата се потврдува со присуството на повеке или помалку афирмирани стрип автори од многу разни земји.Традиционално ,доста масовно е присуството на македонската стрип сцена.
„Овој фестивал е посебно драг помеѓу нашите стрип автори. Впрочем, тоа беше еден од првите,ако не и прв којшто се отвори кон младата македонска сцена,овозможувајки им контакти со автори, промотери и скаути од разни земји. Резултат на таа соработка е и наградата за Марко Стојановиќ, стрип сценарист и организатор од Лесковац кој на последниот интернационален стрип салон во Велес доби специјално признание за помош во развојот на македонскиот стрип. Масовното македонско учество на оваа Балканска смотра и годинава е евидентно, само Стрип центарот на Македонија за оваа година анимира околу 40 млади таленти од разни градови“, истакнува Ване Трајков, директор на Македонскиот стрип центар, кој присуствува на истата смотра.Реномето на истата се потврдува со присуството на повеке или помалку афирмирани стрип автори од многу разни земји.Традиционално ,доста масовно