Се појавија балкански Пинк Пантери кои почнаа да ограбуваат и на Балканот. Балканските Пинк Пантери се интензивно барани од хрватската полиција. Тие во текот на ова лето ограбиле голем број вили на хрватската елита.
Загрепски „Јутарњи лист“ пишува дека се претпоставува дека групата има список на сите добростоечки жители на Хрватска и со месеци го демне нивното движење и веднаш, штом на повеќе од 24 часа ги напуштат своите луксузни домови, на спектакуларен и пред се, незабележителен начин влегуваат и изнесуваат скапоцености.
Ограбувачите, како што се вели во текстот, немаат ни вера, ни нација и во изминатите години украле повеќемилионски износи. Покрај пари, во различни апоени, тие украле голема количина накит од секаков вид, скапоцена бижутерија, документи, уметнички дела, па дури и злато за заби.
Акробатските провалници од првиот момент се свесни дека домовите во кои влегуваат имаат неверојатен безбедносен систем, со видео надзор. Во неколку случаи, меѓутоа токму тоа ги натерало да се откажат, како што беше случајот кога го виделе надзорот поставен пред вилата на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер.
Се откажале од еден од грабежите откако успеале да ги совладаат сите пречки, но сепак пред поставените камери одмавнале во стилот на: поздрав до гледачите, до следниот пат, пишува „Јутарњи лист“.
Весникот наведува дека во тимот има најмалку една женска личност, со благ профил, облечена невпечатливо, за да се вклопи во дневната рутина. Една од нив е видена на снимка од надзорна камера во елитниот дел на Загреб, како го става мобилниот телефон на уво, веднаш по излегувањето на „целта“ од објектот на домување, оди до автомобилот и заминува.
Нивните провални кражби траат до најмногу 15 минути и притоа единствено им е важно да не остават никаква трага. На главите имаат најлонски чорапи или капи со отвори за очите, на рацете тенки ракавици, а пленот го ставаат во ранци или торби.
Истиот принцип го имаат и француските Пинк пантери кои главна цел им е да ограбат, а да не остават никаква трага зад себе. Балканските Пинк Пантери се интензивно барани од хрватската полиција. Тие во текот на ова лето ограбиле голем број вили на хрватската елита.