Бaлкaнскиoт печaт пишувa зa пoбедaтa нa Вaрдaр

Ракометарскиот тим на Вардар одигра една од најдобрите партии во историјата на клубот, каде убедливо го совладаа полскиот гигант Виве Таурон Келче 34:24 (18:14) во шестото коло ЕHF Лига на шампионите. Македонскиот шампион предводен од неверојатниот Арпадо Штербико, им нанел еден од најтешките порази на тимот на Талант Душебајев кој без Урош Зорман немал решение да ја надигра челичната одбрана на домаќините.
Дека не им идело од рака, се видело уште на почетокот кога резултатот бил 6:2 за Вардар. Најдобра игра Полјаците имале во средината на првиот дел, кога неколку пати се приближиле до целта (11:9), но од нокаутот на почетокот на вториот дел, каде Вардар започнал со одлична игра 6:1, не можеле ни приближно да одиграат како нив – 24:15 (36).
До самиот крај, предноста на домашниот тим само се зајакнувала, каде во 57-та минута донеле рекордни +12 гола (34:22).
Најефикасни биле Дибиров и Горбок со по 8 голови. Од друга страна, Агинагалде 6 пати бил доста прецизен.
Вардар после шест кола го задржал челното место на тебелата во групата Б.
Вардар Скопје – Виве Таурон Киелче 34:24 (18:14).Македонскиот шампион предводен од неверојатниот Арпадо Штербико, им нанел еден од најтешките порази на тимот на Талант Душебајев кој без Урош Зорма

Пронајдете не на следниве мрежи: