Жителите на марсовската колонија, Андру Д. Басиаго и Лаура Магдалена Ајзенхауер потврдиле постоење на тајни човечки колонии на Марс, појавувајќи се заедно во интервју за Expolitics Radio.Басиаго (48), адвокат од Кембриџ, како дете учествувал во DARPA програмата за патување низ времето по име проект Пегаз (1968- 1972), а подоцна се телепортирал во база на САД на Марс два пати во 1981 година.
Лаура Магдалена (36) правнука на американскиот претседател Дваит Д. Азенхауер се подложила на софистициран обид за регрутација во тајна марсовска колонија во 2006 година, од каде избегала и одбрала да живее на Земјата.
„Тие рекоа дека тајната масровска колонија се финансира поради опасност од нуклеарна војна или некоја друга катаклизма која би можела да го избрише животот на Земјата.
Басиаго задскривањето на марсовските колонии го нарекол „Marsgate“ и повикал истрага за присуство на САД на Марс со напомена за воена окупација наместо дипломаски ангажман со човечкото опшество кое живее во подземните градови по површината на Марс.
Ајзенхауер рекла дека „Алтернатива 3“ – неколку трилиони долари ресурси наменети за заштита на човечкиот живот на Марс- би требало да се преусмерат во „Алтернатива 4“, одржавање на цивилизацијата на Земјата.
Нивното излагање се темели на основа на личното исуство
Тие за време на интервјуто се расправале за своето противење на факторите кои ја водат колонијата на Марс. Тоа вклучува и страв, тајност, психолошка манипулација, злоупотреба на квантни технологии и други тајни методи кои се користат за идентифицирање на потенцијални колонисти.
Басиаго тврди дека марсовската колонија ја водат поединци кои потекнуваат од специфична ариевска лоза која содржи марсовски генетски супстрат и кои не претставуваат генетски диверзитет на целата човечка раса на Земјата.
Басиаго и Азенхауер во повеќе наврати предложиле да се направи согодба помеѓу Земјата и Марс која би воспоставила протекторат на Марс и би ја нормализирало дипломатијата помеѓу двете планети.
Понатаму тие дале заедничка изјава за човечките колонии на другите планети.
„Позитивна работа е да се постави човечка раса на другите планети. Во минатото Земјата ја погодиле катаклизми, и би требало да се заштити човечкиот геном поставувајќи го на други небески тела.
Но кога тајноста во таквите проекти ќе ја примора власта да ги лиши поединците од слободната волја и да ја исклучи дискусијата со човештвото, која се однесува на иднината на луѓето, слободните луѓе треба да бараат таквите проекти да се објават во јавноста, а не да се кријат“, рекле тие во 2010 година.
САД се присутни на Марс
Со своето заедничко објавување, Басинго и Аенхауер им се придружиле на бројни поединци кои веќе посведочиле за она што САД го крие на Марс.
Тука спаѓа Мајкал Релф, кој во две книги ја опишал 20-годишната служба, како член на вооружените сили на САД во тајната марсовска колонија, но и поранешениот научник, Артур Нуман, кој јавно рекол дека се телепортирал во тајна колонија на Марс поради состанок за проекти.
Тој во книгата „Записи за Марс“, која ја напишала сопруга Стефани Ралф, опишал два вида на поединци во колонијата на Марс:
„Се сеќавам дека постоеа два вида луѓе“
„1.Луѓе кои го посетуваа Марс привремено (политичари и сично) – тие патувале на Марс со помош на вселенска порта. Остануваа неколку недели, а потоа си заминуваа. Тие не се враќале низ времето затоа што се ВИП
2. Постојани жители – тие поминувале циклус од должност од 20 години. На крајот на должноста, се враќале низ времето со блокирање на помнењето за да ја исполнат својата судбина на Земјата“.
Ралф исто така расправал за присуството и функцијата на вонземјани во тајната марсовска колонија.
Тој напоменал дека постојат повеќе раси: Дракони, Рептили и Сиви. Навел дека Сивите се наоѓаат на Марс на функции на доктори или медицински техничари, додека Рептилите се сокриваат цело време во човечки облик.
На следниот линк прочитајте го вториот дел од текстотБасиаго (48), адвокат од Кембриџ, како дете учествувал во DARPA програмата за патување низ времето по име проект Пегаз (1968- 1972), а подоцна се т