Организацијата за човекови права во Турција бара де се прекине доставата како и употребата на солзавец во земјата. Од организацијата ги повикаа сите држави што ги снабдуваат државните органи, во прв ред полицијата во Турција со солзавец да ги прекинат испораките. Како што објави Хуриет дејли њуз, овој повик е упатен откако неделава продолжи бранот антивладинипротести во Истанбул, Анкара и други турски градови кои ескалираа поради смртта на млад турски демонстрант за време на протести во Хатај.
И во текот на овие протести полицијата со солзавец и водени топови ги растеруваше демонстрантите. Протестите и синоќа продолжија во поголемите турски градови, а во Истанбул демонстранти поставувале контејнери како барикади кои подоцна ги запалиле. Како што јавија западните медиумите, во Адана имало сериозни судири меѓу полицијата и демонстрантите.
Турските државни медиуми пак, во главнио не известуваат за протестите и насилствата на улиците, а информаиите се шират главно преку интернет и социјалните мрежи.Од организацијата ги повикаа сите држави што ги снабдуваат државните органи, во прв ред полицијата во Турција со солзавец да ги прекинат испораките