Баскерфест вечерва ќе започне со спектакуларна парада низ центарот на Скопје Фестивалот кој веќе 12-та година шири насмевки, вечерва ќе биде спектакуларно отворен со парада на сите учесници, кои ќе имаат музичка поддршка од Градскиот дувачки оркестар и девојките од танцовиот клуб „Еурека“ кои ги гледаме на секој натпревар на нашиот ракометен шампион „Вардар“.
Парадата ќе започне во 18:30 од градскиот плоштад и ќе се движи по улица „Македонија“. Баскер изведувачите, оркестарот и танчерките на овој начин ќе се обидат да ги поканат Скопјани да излезат на улиците и да уживаат во возбудливите точки кои ќе може да ги гледаат секојдневно од 19:00-01:00 во центарот на Скопје, се до 25-ти јуни.Фестивалот кој веќе 12-та година шири насмевки, вечерва ќе биде спектакуларно отворен со парада на сите учесници, кои ќе имаат музичка поддршка од