Баумгартнер паѓал и побрзо отколку што се мислеше

Австрискиот спортист Феликс Баумгарнер летал и побрзо отколку што се мислеше, кога минатата есен скокна од висина од 39 километри.
После денешните објавени официјални податоци, Баумгартнер достигнал брзина од 1.357 километри на час, или 1,25 маха ,што е 1,25 пати поголема од брзината на звукот.
После скокот се проценуваше дека паѓал со брзина од 1.342 километри на час, односно 1,24 маха.
Други интересни податоци се дека Феликс се вртел без контрола околу 13 секунди, а 25,2 секунди доживеал апсолутна бестежинска состојба на почетокот на слободниот пад.
Во секој случај, Баумгартнере, првиот човек кој ја проби брзината на звукот без помош на некоја машина.
Тој на 16-ти октомври излета од балонот и го изведе историскиот скок од работ на вселената, а со падобран се спушти на територијата на САД.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 Австрискиот спортист Феликс Баумгарнер летал и побрзо отколку што се мислеше, кога минатата есен скокна од висина од 39 километри.

Пронајдете не на следниве мрежи: