Беа презентирани можностите за македонски компании на кинескиот пазар

Сојузот на стопански комори на Македонија заедно со Меѓународниот саем во Нингбо, Кина и Амбасадата на Република Кина во Македонија денеска организираа бизнис настан за можностите за македонските компании за извоз и соработка со компаниите од Кина, пренесе МИА.– Денешната средба што ја одржуваме со делегација од НР Кина има за цел прикажување на остварените резултати коишто ги имавме од склучувањето на договорот со НР Кина во 2015 година, прикажување на одредени соработки коишто веќе македонските компании ги отпочнаа со НР Кина и со компаниите од НР Кина, конкретно во делот на заедничка соработка, инвестиции во браунфилд инвестиции, и секако отпочнување на нови проекти од областа на производство во ранопреработувачката индустрија, изјави претседателката Даниела Арсовска.
Арсовска потенцираше дека многу е значајно што во текот на настанот ќе има презентација за македонските компании за сите оние можности коишто беа дискутирани во 2015 година на средбите на претставници на НР Кина со земјите од ЈИЕ односно Групацијата 16 плус 1.
– Имавме можности во рамки на Самитот да добиеме конкретни информации за саемот што ќе се одржи во Нингбо оваа година, а исто така и во врска со конференцијата која во рамки на истиот самит ќе се одржи во јуни 2016 година каде што ќе имаат можност да се остварат конкретни соработки, посочи претседателката на ССК.
Според неа, македонските компании во рамки на овој саем ќе имаат една уникатна можност да се претстават себеси на бесплатни штандови коишто за оваа цел ги обезбедува НР Кина.
Присутните компании имаа можност директно да се запознаат со поволностите за учество на Саемот за инвестиции и трговија на Кина со земјите од Централна и Источна Европа.
Овој саем е еден од најголемите инвестициски и трговски саеми во Кина и е во организација на Меѓународниот саем во Нингбо, а поддржан од Министерството за трговија на Кина и Провинцијата Жеџијанг. Оваа година саемот ќе се одржи во периодот од 9 до 12 јуни 2016 година.
На бизнис настанот присуствува делегација од Кина составена од претставници од Меѓународниот саем во Нингбо, директорот на Бирото за пазарна логистика и соработка на слободните трговски зони на Нингбо, заменик – директорот на Бирото за култура, ТВ/Радио и новинарство на Нингбо, заменик директорот на Туристичката администрација на Нингбо, претставници од Амбасадата на Кина во Македонија, како и претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, претседателите на гранските комори во рамки на ССК и претставници на компании – членови на ССК.
Во рамки на Бизнис настанот учествува и компанијата „НингБо ДИЈИА ВИДА Традинг Цо.,Лтд“ која се занимава со увоз алкохол, храна и други производи од Европа.– Денешната средба што ја одржуваме со делегација од НР Кина има за цел прикажување на остварените резултати коишто ги имавме од склучувањето

Пронајдете не на следниве мрежи: