Беатрикс: Кралица која го трансформираше холандското кралско семејство

Холандската кралица Беатрикс, која во понеделникот објави дека ќе абдицира во корист на принцот Вилем Александер во април, има освоено многу холандски срца во нејзините речиси 33 години на тронот, давајќи и на монархијата една модерна и вредна слика.
Стапнувајќи на местото на нејзината сакана мајка Јулијана во 1980-тата година на 42 годишна возраст, Беатрикс брзо го поставува својот белег на земјата со која и беше судено да владее.
Спротивно на дискретниот стил на владеење на нејзината мајка, Беатрикс меѓу другото трансформираше една од најголемите кралски палати во Хаг, седиштето на владата, во работна палата.

Родена на 31-ви јануари 1938-мата година, Беатрикс Вилхелмина Армгард, принцезата од „Orange-Nassau“ живеела со своето семејство во егзил во Велика Британија и Канада за време на Втората светска војна.
По завршувањето на правните студии, таа се венчала со германскиот дипломат Клаус фон Амсберг во март 1966-тата година – предизвикувајќи насилни демонстрации против идната унија на кралицата со некого кој носел хитлерова младиснка униформа како момче.
Немири исто така му претходеа на крунисувањето на Беатрикс на 30-ти април 1980-тата година, откако нејзината мајка абдицираше по 31 година владеење.
„Ниту моќ, ниту лична желба, ниту барање за наследната моќ, туку само желба да се служи на заедницата може да даде суштина во модерната монархија“, рече таа за време на крунисувањето.
„Само совршенството беше доволно за неа. Таа работеше прилично систематски, високо во небото, нема детали на земјата што побегнаа од неа“, изјави поранешениот премиер, Драјс Ван Агт.
Беатрикс никогаш не била роб на изборите.
Исто така еднаш рече во едно интервју за холандската јавна телевизија:
„Сметам дека популарноста е опасна… површна и привремена“.
Моментално живее во замокот Дранкенстин, југоисточно од Амстердам.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Холандската кралица Беатрикс, која во понеделникот објави дека ќе абдицира во корист на принцот Вилем Александер во април, има освоено многу

Пронајдете не на следниве мрежи: