Бебето кое одби да умре

Докторите рекле дека Остин Гистерслаген нема апсолутно никакви шанси да преживее  уште денот кога е роден. Роден е прерано и немал развиено доволно развиено белодробно ткиво за да може да преживее. Родителите донеле одлука да го пуштат полека да умира на нивните раце. Но, приказната само што започнува…Чип(43) и Кери(34),на свет донеле две синооки девојчиња.  Таа двете породувања ги поминала без компликации. Затоа, што сакале сметале дека нивното семејство не е комплетно, сакале уште едно дете. Па, бидејќи имале проблем се обиделе со вештачко оплодување. Па по успешниот процес Кери имала три ембриона, а после неколку месеци два биле изгубени, а само еден продолжил да се развива.
Но, судбината се обидела на малиот Остин да му го скрати правото на живот. Во 20-тата недела Кери почувствувала дека има болки и дека породувањето треба да започне. Но, ништо не се случило, докторите и рекле дека треба д амирува.
Мрачни прогнози
Но, уште поголем проблем било што бебето немало плодова вода која е неопходна за развој. На 17 август 2012 еден ден пред влегувањето во 26-тата недела  започнало породувањето, Кери се обидувала на секој начин да го одложи, но, ситуацијата била безизлезна, па така на 18 август е одведена на итна операција.
Тимот од најуспешни доктори се обидел да го спаси искористувајќи ги  најсовремените методи. Меѓутоа, бебето не реагирало баш најдобро. Докторите не биле изненадени, според нивното мислење бебето било осудено на смрт.
Па, ги известиле родителите. Тие биле подготвени за ова сценарио и  се договориле со докторите да го исклучат од апарати. Па мајката се одлучила до го држи до себе се додека не престане да дише. Бил повикан дури и свештеник.
Малиот Остин мирно лежел во прегратките на својата мајка, а медицинските сестри постојано го посетувале. Но, неговото срце било силно и не престанувало да чука, дури имало и нормален ритам.
Кога поминале четири часа, родителите започнале да се чудат, сфатиле дека станува збор за нешто необично. Но, докторите не им давале надеж и им велеле дека се е само прашање на време.
Но, поминале уште неколку часа, сите останале зачудени дури и докторите. Сите започнале да се распрашуваат за состојбата на малиот Остин. Доцна вечерта бебето започнало дури и да ги фаќа прстите на неговите родители. Докторите биле зачудени од состојбата на бебето, тоа имало нормален ритам на срцеви отчукувања и имало нормална боја на лицето, но, сепак докторите не сакале да даваат лажна надеж. Подоцна го земале од родителите и го одвеле на дополнителни тестирања.
12 часовно очекување на смртта
По 12 часа тој е вратен кај родителите, кои не можеле да сфатат што се случува. Бил ставен на интензивна нега и три месеци докторите се обидувале да му помогнат да се избори за живот.
-Никогаш во животот не ми беше толку драго што погрешив…Сите извештаи ме наведуваа на тоа дека нема шанси бебето да преживее. Одговор едноставно нема- изјавил еден од докторите.
После 100 денови борба, малиот Остин успеал да истрае и да се избори за живот. По неколку месеци бил доволно добар па со својата мајка можел да ја напушти болницата.
-Нашиот син преживеа и покрај тоа што не е беше возможно, тоа е единственото нешто што во моментов ни е важно- вели таткото на Остин.Чип(43) и Кери(34),на свет донеле две синооки девојчиња.  Таа двете породувања ги поминала без компликации. Затоа

Пронајдете не на следниве мрежи: