Герет Бејл дефинитивно доаѓа во Скопје на натпреварот со Македонија.Еден од најдобрите играчи во светот, велшанецот Герет Бејл ќе биде дел од својата селекција за натпреварот со Македонија кој ќе се одигра на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Велс, Крис Колмен, го соопшти списокот на фудбалери за натпреварот со Македонија во рамките од квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Бразил наредната година.
Тренерот на Тотенхем, Андре Вилаш Боаш, изјави дека Бејл има повреда на стопалото, но медиумите на големо шпекулираат дека тој нема никаква повреда, туку веќе нема никаква желба да игра за англискиот премиерлигаш.
Натпреварот со Велс, нашата фудбалска репрезентација го игра на 6-ти септември со почеток од 19 часот на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје.Еден од најдобрите играчи во светот, велшанецот Герет Бејл ќе биде дел од својата селекција за натпреварот со Македони