Бела пилешка чорба

За денешниот ручек спремете вкусна пилешка чорба,идеална за ладните денови.Потребни состојки:
-2 батаци со карабатаци
-2 моркови
-2-3 компири
-1 лажица кари
-половина лажица куркума
-по вкус сув зачин
-100 мл масло
-2-3 лажици брашно
-вода по потреба
Припрема:
Ставете ги батаците во тенџере,па по 5 мин вриење,заменете ја водата и сварете ги батаците.Koмпирот и морковите излупете ги,исецкајте ги на коцки и заедно се со батаците ставете ги да се готват.
Додадете сув зачин по вкус,кари,куркума и магдонос.
Кога ќе се сварат батаците,извадете ги,почекате да се изладат и одвоете го месото од коската и исецкајте ги на парчиња.
Варениот компир згмечете го со виљушка во чинија,така да остане по некое парче,па вратете го компирот и месото во тенџерето.
Загрејте масло во тава,додадете го брашното и мешајте за да нема грутки.Така врело истурете го во тенџерето со постојано мешање.Нека се готви така уште 10-тина минути и тргнете го од оган.Потребни состојки:
-2 батаци со карабатаци
-2 моркови
-2-3 компири
-1 лажица кари
-половина лажица куркума

Пронајдете не на следниве мрежи: