Бериша: Албанија нема територијални претензии кон соседите

Албанија немаше, ниту ќе има територијални претензии кон соседите, но таа има право да ги заштитува Албанците каде и да живеат. Ова во петок на прес конференција го изјави албанскиот премиер Сали Бериша, по средбата со косовскиот премиер Хашим Тачи во Тирана. „Албанија ова право го базира врз Уставот и меѓународните конвенции“, рече албанскиот премиер, при тоа додавајќи дека нема да се повлече од неговите определби за заштита на правата и слободите на Албанците во регионот. Тој рече дека сите обиди да се врши притисок врз Албанците ќе пропаднат, мислејќи на критиките што ги добива од страна за неговата националистичка реторика. На средбата Бериша-Тачи станало збор за давање на албански државјанства на жителите на Косово.
МакфаксАлбанија немаше, ниту ќе има територијални претензии кон соседите, но таа има право да ги заштитува Албанците каде и д

Пронајдете не на следниве мрежи: