Берлускони нуди намалување на даноците во „последната голема битка“

Loading...

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони во неделата ја најави својата „последна голема изборна и политичка битка“ и вети дека ќе ги намали даноците и трошоците на владата, доколку неговиот десен центар победи на изборите кои ќе се одржат на крајот од февруари.
Во политичкиот говор пред своите приврзаници во Милано исполнет со страст, поранешниот италијански премиер и лидер на конзервативната Народ на слободата (PdL) рекол дека само неговиот десен центар може да ја крене Италија од мрачната магла на рецесијата и да ја врати довербата меѓу владата и граѓаните.
Фокусот на огнениот говор на Берлускони бил ставен на откривањето на она што претходно го нарекуваше „шокантен предлог“, ветување дека на Италијанците ќе им ги врати парите од омразениот данок на првиот стан.Данокот познат по кратенката IMU, минатата година го воведе технократската влада на Марио Монти кој на сегашните избори ќе ја води коалицијата на партиите од центарот, во рамките на мерките за решавање на финансиската криза, откако Берлускони го укина во 2008 година.Берлускони рекол дека ќе го укине данокот на првата седница на владата и ќе ги рати веќе платените даноци. Ветил, исто така, дека владата на десниот центар ќе ги елиминира регионалните даноци на трансакциите во текот на пет години, нема да го зголемува данокот на додадена вредност (ДДВ) и нема да воведува ткн „данок на богатство“ за оние кои имаат најголеми приходин.Како што забележуваат италијанските медиуми, вештиот комуникатор Берлускони својот говор го зачинил со постојаното повторување на зборовите „данок“, „даночни обврзници“ и „даночник“ покрај споменувањето на „тешкотиите на семејството“.„Нема ништо што би го барал за себе. Сакам да ја водам последната голема изборна и политичка битка“, изјави 76-годишниот Берлускони, еден од најбогатите Италијанци.Берлускони, исто така, ветил дека ќе донесе повеќе мерки за намалување на трошоците на владата, оти ќе го преполови бројот на пратениците и ќе го укине финансирањето на политичките партии од државниот буџет.Како што пренесуваат италијанските медиуми, противниците на Берлускони многу бргу реагирале исмејувајќи го. Така, премиерот на заминување Марио Монти изјави дека „Берлускони никогаш не го исполнил ниедно свое ветување“, а пратеникот на левиот центар говорот го нарекол „список од глупости“. Поранешниот сојузник на Берлускони, Џанфранко Фини иронично рекол дека Берлускони и „со указ ќе ги гарантира сигурните добивки на играчите на лотарија“.Анкетите покажуваат дека на изборите што ќе се одржат на 24-ти и 25-ти февруари, се очекува победа на левиот центар предводен од Депократскатѕа партија на Пјер-Луиџи Берсани, но се забележува дека откако Берлускони активно се врати во политиката разликата во поддршката на левиот и десниот центар постојано се намалува.
 
МакфаксПоранешниот италијански премиер Силвио Берлускони во неделата ја најави својата „последна голема изборна и политичка битка“ и в

loading...
Loading...