Невидената природна катастрофа која вчера го зафати подрачјето на Скопје и околината, а беше проследена со поројни дождови и електрични празнења, предизвика официјални до сега 21 жртва и голема материјална штета и уништени домови и покуќнина.За таа цел денеска група беровчани иницираа собирање на хуманитарна помош за настраданите семејства. Собирниот пункт каде може да донираат сите хумани граѓани она што им е најпотребно на настраданите ( вода, храна, средства за лична хигиена, средства за дезинфекција, ќебиња и облека ) ќе биде лоциран во центарот на Берово спроти црквата Рожденство на Пресвета Богородица, поточно пред туристичката агенција Зегин Турс.
За сите хуманитарни активности кои ги превземаат иницијаторите ќе бидат известени Црвениот Крст Берово и Општина Берово, а акцијата ќе започне утре, понеделник од 10 часот, објави сајтот ovaeberovo.mk.За таа цел денеска група беровчани иницираа собирање на хуманитарна помош за настраданите семејства. Собирниот пункт каде може да донираат си