Спортскиот центар “Стара гимназија“ во Берово се повеќе го добива планираниот современ изглед и спортско катче во кое сите возразни генерации ќе можат да спортуваат.Деновиве во комплексот интензивно се работи на изградбата на фитнес зоната која е во завршна фаза и каде веќе се поставени фитнес елементите а моментално се работи на уредување на целосната површина на теренот.
Проектот кој е дел од мерките на Владата на РМ е проект најавен од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен Претседател на Владата на РМ Никола Груевски кон крајот на 2015 година, како една од инвестициите на Владата преку Агенцијата за млади и спорт во спортски објекти.
На ниво на Република Македонија е предвидена изградба на 20 вакви фитнес зони кои се со површина од 180 метри квадратни, со тврда гумирана подлога и осум реквизити за вежбање, додека предвидено е поставување и на клупи за седење и корпи за отпадоци.
Вкупната инвестиција во проектот изнесува 40 милиони денари, со што се заокружува уште еден проект од Владините мерки за популаризација на спортот како една од круцијалните мерки за здрав развој на децата.
Изградбата на спортскиот центар “Стара гимназија“ беше дел и од предизборната програма на градоначалникот Драги Наџински кој при увидот во градежните активности истакна дека во комплексот досега е изградено современо повеќенаменско спорско игралиште со средства од Владата на РМ, детско изгралиште со елементи за најмалите преку Израелска донација, додека преку мерките на Владата на РМ понатаму е планирано да се реконструира и кошаркарското игралиште со кое спортскиот комплекс ќе биде целосно уреден.Деновиве во комплексот интензивно се работи на изградбата на фитнес зоната која е во завршна фаза и каде веќе се поставени фитнес елементите а моме