Во периодот од 22.02.-25.02.2016 година, од страна на Европската Комисија – Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување, во Берово се одржа семинар на тема “Зајакнување на улогата на Ревизорските Тела и Канцелариите за поддршка на НАО“, на земјите кориснички на средствата од ИПА како и давање генерални насоки со цел обезбедување на предизвиците со кои овие институциите се соочуваат при преминот од ИПА I кон ИПА II.На семинарот присуствуваа повеќе од 100 учесници од соодветните институции од земјите од регионот (Македонија, Србија, Турција, Црна Гора и Албанија), како и експерти/предавачи од Македонија, Германија, Бугарија, Хрватска, Турција и предавачи од ЕК ГД за соседство и преговори за проширување.
Во текот на семинарот се изврши и практична вежба – контрола преку увид на лице место кај два проекти финансирани од средствата од ИПА од Програмата за Преку-Гранична Соработка Македонија – Бугарија 2007-2013 и тоа:
Проект на општина Берово: Обновување на природата за подобар квалитет на животот и
Проект на општина Виница: Градење Преку-Гранична Културна Соработка
Свое обраќање на учесниците на семинарот имаше и градоначалникот на општина Берово Драги Наџински кој ја презентираше општина Берово како и проектите реализирани со средства од ИПА програмите преку кои граѓаните на општина Берово ги користат бенефините од нивната реализација.
Присутните учесници на семинарот извршија увид во проектот “Обновување на природата за подобар квалитет на животот“ преку кој е реконструиран Кејот на реката Брегалница, со обезбедување на соодветни докази за успешноста на проектот и неговата оддржливост и ефикасност.На семинарот присуствуваа повеќе од 100 учесници од соодветните институции од земјите од регионот (Македонија, Србија, Турција, Црна Гора и Албаниј