Со средства обезбедени од Владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт, во Берово започна изградбата на повеќенаменско спортско игралиште кое се гради до објектот на старата гимназија.Реализацијата на овој проект е дел од проектот на Владата на РМ за изградба на 100 повеќенаменски рекреативни игралишта на територијата на Република Македонија и истото ќе биде со површина од 45 на 28 метри.
На теренот е предвидено да бидат поставен два гола за рекреативно спортување на мал фудбал и ракомет и четири коша за реакреативно играње на кошарка. Целата површина на теренот ќе биде оградено со ограда во висина од 6 метри, додека заради можноста од користење на теренот во вечерните часови, истиот е предвидено да биде и осветлен.
Реализацијата на проектот е предвидена за 3 месеци со што се очекува спортскиот терен да биде пуштен во употреба некаде кон крајот на август оваа година.Реализацијата на овој проект е дел од проектот на Владата на РМ за изградба на 100 повеќенаменски рекреативни игралишта на територијата на Републик