Проектите кои беа дел од предизборната програма на градоначалникот Наџински за периодот 2013-2017 година, полека но сигурно се реализираат со што се зацрвстува политиката на исполнување на ветувањата дадени до граѓаните.Со средства обезбедени од Владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт, во завршна фаза е и изградбата на повеќенаменско спортско игралиште кое се гради до објектот на старата гимназија во Берово, каде во тек се активности за поставување на оградата на теренот.
На теренот кој е со површина од 45 на 28 метри е предвидено да бидат поставен два гола за рекреативно спортување на мал фудбал и ракомет, како и четири коша за реакреативно играње на кошарка. Покрај оградувањето, поставени се и рефлектори заради можноста од спортување во вечерните часови.
Реализацијата на овој проект е дел од проектот на Владата на РМ за изградба на 100 повеќенаменски рекреативни игралишта на територијата на Република Македонија, додека на овој простор во спортскиот комплекс “Стара Гимназија“ ќе се изгради и фитнес зона како и детско игралиште.
Со средства обезбедени од Владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт, во завршна фаза е и изградбата на повеќенаменско спорт