Со средства обезбедени од програмата „Грант помош за поддршка на мали проекти“ (Grant Assistance for Grassroots Human Security Projects (GGP)) основана од Владата на Јапонија, во завршна фаза е реконструкцијата на здравствената станица во Двориште.Објектот кој беше оштетен во поплавите од 2015 година беше во доста лоша состојба со што преку самиот проект целосно е реконструиран, адаптиран и уреден во објект кој ќе ги исполнува сите услови за ваков тип на објекти.
Јапонскиот грант обезбеди средства за поправка на покривот, реновирање на објектот, промена на прозорците и вратите како и соодветен систем за дренажа кој во иднина ќе ја заштити здравствената станица од поголеми поплави.
За реализацијата на Проектот за реновирање на Здравствена станица во село Двориште беа обезбедени 29.236 евра кои се дел од вкупно 302.020 евра помош за пет проекти во Македонија од страна на Јапонската Влада.Објектот кој беше оштетен во поплавите од 2015 година беше во доста лоша состојба со што преку самиот проект целосно е реконструиран, адаптиран и у