Со поставувањето на асфалтната конструкција на неколку улици во Владимирово заврши уште еден проект кој беше дел од програмата за улици и патишта на Општина Берово за 2016 година.Проектот кој беше изработен во 2015 година со предвидени средства во Буџетот на Општина Берово за 2016 година опфаќаше изградба на 5 улички во Владимирово во должина од околу 300 метри.
Преку овој проект предвидените улички се тампонираа со тампонски слој од дробеник со дебелина од 30 сантиметри по што е поставен асфалтен слој БНХС16с со дебелина од 8 сантиметри. Уличките се асфалтирани во широчина од 3,5 метри или во зависност од ширината и можностите на теренот.
За реализацијата на овој инфраструктурен проект се издвоени околу 1.800.000 денари.Проектот кој беше изработен во 2015 година со предвидени средства во Буџетот на Општина Берово за 2016 година опфаќаше изградба на 5 улички во Влад