Проектот „Бесплатна бањско-климатска рекреација“ досега имаа можност да го искористат над 32.600 пензионери. Годинава ќе бидат опфатени 5.500 пензионери. Буџетот за реализација на овој проект е 38 милони денари, од кои 35 милони се за покривање на шест полни пансиони, бањско-климатска рекреација и соодветни здравствени прегледи и околу три милони денари за покрување на трошоците за превоз на корисниците на оваа услуга, истакна заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој ја посети Катлановска бања.– Проектот продолжува и понатаму да се реализира. Очекуваме бројот да се исполни до мај годинава, на смени кои се однапред определени и за кои корисниците на пензија се информирани. Оние кои нема да ја искористат оваа услуга, проектот продолжува со реализација од септември, рече Спасов.
Овој проект, како што рече, ја покажува својата успешност и по шестата година од својата реализација и е показател за напорите и заложбите на Владата за подобрување на животот на пензионерите.
– Континуираното зголемување на пензиите, подобрувањето на животниот стандард, бесплатниот превоз во јавниот сообраќај и токму овој проект „Бесплатна бањско-климатска рекреација“, го подобрува психофизичкото здравје на пензионерите, нивната виталност и социјализација. Овој проект продолжуваме да го реализираме и како резултат на барањето на Сојузот на здруженијата на пензионерите и нивните членови кои и понатаму бараат да продолжи со реализација овој проект, рече Спасов.
Претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски информира дека пензионерите се многу задоволни од овој проект кој, како што рече, покажа видливи резултати.
– Пензионерите искажаа голема благодарност што дојдоа во Катлановска бања, каде ќе се социјализираат и ќе го шират своето пријателство. Многу е важна третата животна доба, рече Аргировски.
Пензионерите освен во Катлановска бања, имаат можност да престојуваат и во Дебарски бањи, Негорски бањи и Бања Банско.– Проектот продолжува и понатаму да се реализира. Очекуваме бројот да се исполни до мај годинава, на смени кои се однапред определени и за ко