Бесплатна вакцинација на животните во поплавените региони

По санација на улиците и домовите во регионите погодени од невремето на 6-ти месецов, на ред дојдоа и домашните миленици, стоката и уличните животни да добијат соодветна помош.Ветеринарите во центарот на Стајковци вршат преглед и даваат соодветна терапија на животните кои настрадаа во поплавите се со цел да не дојде до ширење на некои од заразните болести кои животните можат да ги пренесат на населението.
Д-р Јасминка ван дер Флир апелира сите кои имаат домашно милениче или пак имаат информација за улични животни да се јават во ветеринарна служба и да им се пружи соодветната помош.
Во центарот на Стајковци, веднаш до основното училиште „Кирил и Методиј“ се наоѓа ветеринарната служба која ги опслужува сите животни кои ги носат сопствениците и мештаните. Желудните црви, болвите како и крлежите се опасни не само за животните, туку и за луѓето, кои можат да се заразат од нив. Од ветеринарната служба велат дека ќе бидат достапни во поплавените региони и во текот на наредните денови.
Во катастрофалните поплави според евиденцијата на Агенцијата за храна и ветеринарство, пријавени се како угинати НАД 90 ОВЦИ, 12 СВИЊИ, 370 КОКОШКИ, 250 ПИЛИЊА, 160 ГУЛАБИ, 18 ГОВЕДА 15 МИСИРКИ.
Мртвите животни се веќе закопани, а државата ќе ги обештети сите по грло добиток.Ветеринарите во центарот на Стајковци вршат преглед и даваат соодветна терапија на животните кои настрадаа во поплавите се со цел да не дојде до ши

Пронајдете не на следниве мрежи: