Сакате ли да дознаете нешто повеќе за подземните убавини на Македонија, да ги надоградите знаењата на вашите деца и да ги смените нивните секојдневни рутини?Од сабота (16ти април) во организација на Истражувачко друштво Урсус Спелеос Скопје и Центарот за младински активизам КРИК а поддржано од Зоолошката градина Скопје и Македонското Еколошко Друштво, во Едукативниот центар 2 на ЗОО градина ќе почне циклус на бесплатни интерактивни едукативни работилници на тема „Во светот на пештерите“, преку кои учесниците ќе дознаат повеќе за пештерите во Македонија, лилјаците, мечките, рисовите и општо за спелеологијата.
Распоред на предавања и работилници:
1. Вовед во спелеологија и пештери (16.04 – 14 часот)
(предавање од м-р Билјана Гичевски од Истражувачкото Друштво Урсус Спелеос)
2. Предавање за животните и лилјаците и прошетка низ ЗОО Скопје (23.04 – 12 часот)
(предавање од гостин предавач од Македонското Еколошко Друштво)
3. Тематска ликовна работилница (07.05 – 12 часот)
(групна работа и цртање на пештери)
4. Тематска работилница со глина (14.05 – 12 часот)
(групна работа и изработка на пештерски украси од глина)
5. Завршна изложба (Изложба на групните дела од работилниците и доделување на сертификатите)
Ве очекува многу забава, знаење и нови пријателства!
* Работилниците се адаптирани за деца од 5-то до 7-мо одделение.
* За да се добие сертификат за учество потребно е да се учествува на најмалку 1 предавање и 1 работилница
Пријавувањето е најдоцна до 15.04 и е БЕСПЛАТНО!
Заинтересираните може да е пријават на тел.078/409 005. (Александар)
https://www.facebook.com/events/762679813866735/Од сабота (16ти април) во организација на Истражувачко друштво Урсус Спелеос Скопје и Центарот за младински активизам КРИК а поддржано од Зоолошкат