Бесплатно летување за две илјади деца од семејствата во социјален ризик

Loading...

Две илјади деца од семејства во социјален ризик и социјално загрозени семејства и ова лето ќе имаат можност да одат на бесплатен летен одмор во рамки на проектот што го реализира Владата. Огласот е објавен денеска, а заинтересираните можат да аплицираат до 20 јуни. Првите групи на летување треба да заминат на почетокот на јули.На огласот можат да аплицираат децата од семејствата корисници на социјална парична помош, од семејствата корисници на постојана парична помош, децата и младинците со пречки во развојот до 26 години. децата од семејствата корисници на детски додаток и на родителски додаток.
– Владата продолжува со реализација проектот за бесплатен летен одмор на децата од семејствата во социјален ризик односно на социјално загроземите семејства. Од денеска се распишува јавниот повик на кој сите заинтересирани можат да аплицираат до 20 јуни. Проектот предвидува бесплатен летен одмор седум дена, вкупно шест полни пансиони со обезбеден превоз, истакна на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
За реализација на Проектот за бесплатен одмор за годинава Владата обезбедила околу 8 милиони денари, односно за бесплатен летен одмор околу 5 милиони денари.
Овој проект, како што појасни министерот, се реализира од 2012 година. Досега правото на бесплатен летен и зимски одмор го имаат искористено вкупно 12 илјади дечиња, од кои 8.000 биле на бесплатен летен и 4.000 бесплатен зимски одмор.
– Со проектот и годинава им помагаме на семејствата кои се во социјален ризик, материјално необезбедените семејства кои можеби немаат доволно приходи да ги испратат своите деца на летен одмор, тоа да го направат, рече Спасов.
Првите групи треба да заминат на летување на почетокот на јули, а проектот целосно да се реализира до крајот на август.На огласот можат да аплицираат децата од семејствата корисници на социјална парична помош, од семејствата корисници на постојана парична помош, дец

loading...