Поранешен скептик за паранормалното открива дека откако се омажила со човек со натприродни моќи, се тргнало наопаку.Луиза Оукли Грин е научник, која целиот живот била скептик на темата натприродни способности. Тие за неа биле едноставно суеверие, но се се сменило, откако сопругот и го докажал спротивното.
„Се запознав со него, се вљубивме, се венчавме, но не само што тој има натприродни моќи, туку ги има и половина од неговото семејство. Така ме вовлекоа во сосем различен свет.“
Се се сменило кога таа и сопругот биле на погребот на татко му. Кога попот почнал да зборува, сопругот и рекол дека го гледа починатиот татко како стои до него со скрстени раце и ја тапка ногата.
„Ми рече дека ги прекрстил рацете и почнал да тапка со ногата. Изгледал многу нестрпливо. Но, тоа не ме зачуди колку тоа што се случи наредната недела“, вели таа.
Имено, се јавил братот на сопругот и рекол: „Луиза, не сакав ништо да кажам на погребот, но само сакам да знаеш дека кога попот говореше го видов таткото како стои до него со скрстени раце. Ја тапкаше ногата“.
„Ова беше неверојатно затоа што цело време сум до мојот сопруг и сум сигурна дека тие двајца не зборуваа меѓу себе после погребот. Ова беше многу повеќе од коинциденција“, изјавува Луиза.
Оттогаш, таа е сведок на паранормалното.
Според нејзините истражувања за овој феномен, таа верува дека човечкиот нервен систем е како мала антена која може да фаќа енергетски сигнали од надарени луѓе.
Мозокот и централниот нервен систем што испраќа и прима електрични импулси за да ги контролира функциите на телото, може исто така да фати сигнал и од други места.
Оние што имаат почувствителни антени можат да фатат енергија што некои ја сметаат за натприродна моќ, а се чини и дека оваа особина е наследна.
„Сигурно оние што сум ги сретнала не се најталентирани луѓе на светот. Веројатноста да постојат повеќе како нив е голема.“
Иако влегла во натприроден клан, Грин признава дека таа нема вакви способности. „Мојата улога како новинар е да ги споделам приказните со луѓето“, вели таа.Луиза Оукли Грин е научник, која целиот живот била скептик на темата натприродни способности. Тие за неа биле едноставно суеверие, но се се сменило