„Да се јавев три недели подоцна не би добил ништо. За среќа се` добро заврши. Кога само ќе помислам дека не бев свесен дека повеќе од месец во паричникот носам лото ливче вредно 73 милиони евра“, вели среќниот добитник на лото во Франција.Еден Французин повеќе од месец дена во новчаникот носел лото ливче, мислејќи дека освоил 5.000 евра, но кога влегол во лотаријата дознал дека добил 73 милиони евра.
Милионскиот џекпот, кој е седми по големина освоен во Франција, извлечен е на 2. декември.
Среќниот добитник, од североистокот на Франција, кој играл на лотаријата „Евромилион“ на интернет, едноставно заборавил да ги провери броевите, но кога конечно тоа го направил на вообичаеното продажно место му било кажано дека неговата добивка надминува 5.000 евра и дека треба да се обрати во централа.
„Да се јавев три недели подоцна не би добил ништо. За среќа се` добро заврши. Кога само ќе помислам дека не бев свесен дека повеќе од месец во паричникот носам лото ливче вредно 73 милиони евра. Никогаш ништо не сум добил, играв со надеж дека еден ден ќе освојам некоја помала сума“, вели среќниот добитник на лото во Франција. Еден Французин повеќе од месец дена во новчаникот носел лото ливче, мислејќи дека освоил 5.000 евра, но кога влегол во лотаријата дознал дека добил
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.