Безбедносна камера забележа неверојатна случка од маж и жена кои буквално биле „голтнати од земјата“

Безбедносна камера успеа да го забележи моментот кога маж и жена исчезнале од видикот, само неколку секунди откако пропаднале во дупка од тротоарот.На видеото се гледа страшниот момент во кој двајца луѓе буквално биле „голтнати“ од дупка која од никаде се појави на тротоарот.
Ова видео од Јужна Кореја покажува како мажот и жената се симнуваат од автобус во еден момент, а неколку секунди подоцна пропаѓаат во земја.
На снимката се забележани и загрижените минувачи кои биле изненадени од тоа што го гледаат.
За среќа, тие подоцна биле извлечени од дупката за која се смета дека била длабока најмалку три метри и се здобиле со полесни повреди.

Тој дел од тротоарот е затворен и надлежните се обидуваат да ја откријат причината за појавата на дупката, иако се шпекулира дека таа се појавила како последица од ерозија на земјиштето.
Во меѓувреме, во Кина, џиновска дупка проголта автомобил, само неколку секунди откако возачот се обидел да ја избегне.
На видеото се гледа страшниот момент во кој двајца луѓе буквално биле „голтнати“ од дупка која од никаде се појави на тротоарот.

Пронајдете не на следниве мрежи: