На секое возење, дали е тоа брзо или пак бавно и опуштено, посебна нота му даваат кожните ракавици за возење.Ракавиците за возење постојат уште од почетокот на 20-от век. Првобитно се користени за да ги заштитат рацете од ладно и повреди, бидејќи првите автомобили биле отворени, поточно немале кабина во која луѓето би биле заштитени. На самиот почеток на својата кариера, ракавиците биле правени од дебела и отпорна кожа и не давале сензитивно чувство на рацете на возачот. Постоеле посебни кутии за ставање на ракавиците кои се наоѓале веднаш под возачкото седиште.
Со текот на времето освен заштитна функција, ракавиците добиле и естетика. Правени се од потенка и еластична кожа која на рацете им пружала комфор, а на сето тоа дизајнот на ракавиците се повеќе напредувал, станувал се повеќе гламурозен и поубав.
Во текот на седумдесетите години на минатиот век, ваквите ракавици станаа исклучително тренди и биле „must have“ аксесоар, на кој не можеа да му одолеан ни мажите ни жените.
Популарноста на овие ракавици постојано растела. Во текот на 80-тите години биле на врвот на својата популарност, тогаш и ракавиците за возење доживеале значајна експанзија.
Денес ваквите ракавици се исклучително барани од џентлмените на сите генерации особено модни момци кои уживаат во брзите автомобили , со возбудлив жар. Има различни стилови на ракавици за возење, некои од нив се без прсти и отворени зглобови, што ја зголемува нивната флексибилност.
Во денешно време може да пронајдете различни стилови од овие феноменални аксесоари на пазарот. Сепак меѓу најквалитетните ракавици за возење се оние од еленска и јагнешка кожа. Пекари е американска дива свиња и кожата на ова животно е навистина луксузна и квалитетна, па поради тоа е и убедливо најдобар избор за ракавици. Компанијата Sakari Sauso е една од најпопуларните компании која се занимава со производство на ракавици за возење. Позиционирана е во Франција и навистина е посветена на одличен дизајн и квалитет на своите производи. Оваа компанија е основана во далечната 1929 година, а основачот на истата занаетот го учел од германските мајстори, па забрзал и сам станал најдобар произведувач на ракавици за возење во Европа. Мисијата на оваа компанија е да ги направат своите производи што подобри, па во производството користат влакна на етиопска овца и јужноамериканска свиња, како и кожа од фински ирвас.
Внатрешноста на ракавиците од овој бренд е обложена со свила, волна или кашмир. Кај ваквите ракавици е важно да се еластични, да даваат пријатно чувство на рацете, а истовремено и да се заштитни. Материјалите од кои се прават треба да ја одржуваат телесната температура на човекот, да не ја ни зголемуваат ниту пак да ја намалуваат, за на личноста која ги носи да не и е непријатно. Материјалите мораат да бидат меки и удобни, пријатни за дланките.
Sakari Sauso од скоро време работи и во Унгарија, па лесно можете да ги најдете нивните производи. Тие се навистина најдобри во Европа, а на вас е да ги одберете оние кои најмногу ви одговараат. Едно е сигурно, носејќи вакви ракавици ќе се чувствувате и изгледате феноменално. Ракавиците за возење постојат уште од почетокот на 20-от век. Првобитно се користени за да ги заштитат рацете од ладно и повреди, бидејќи првите ав