Бидете вешта домаќинка направете уникатни велигденски јајца

Loading...

Домаќинки, еве ви предлог како оваа година да направите уникатни, велигденски јајца. Збогатете ја вашата трпеза, со вакви интересни јајца.
Селотејп шарање

Потребен материјал: јајца, селотејп во боја и ножички Подготовка: со помош на ножичките исечете ги саканите форми и залепете ги на јајцето. Откако ќе го украсите како што посакувате можете да го ставите во саканата боја. Местата кои се прекриени со селотејп ќе оневозможат бојата да допре до јајцето што ќе ви помогне во добивање на шарата која што сте ја направиле.
Јајца со тантела

Потребен материјал: варени јајца, парчиња тантела, бои Подготовка: јајцата убаво завиткајте ги во саканото парче тантела така што ќе внимавате да не ги скршите. Потоа полека спуштете ги во саканата боја.
Зрнести јајца

Потребен материјал: варени јајца, белка или лепило, пченица, пченка или нешто слично.Подготовка: Варените јајца се премачкуваат со изматена белка или лепило и се украсуваат со зрната. Доколку сакате на крајот може да ги напрскате со лак. 
Шарени јајца на пареа
 
Потребен материјал: варени јајца, 1 помал сад кој има дупчиња на дното, еден поголем зад за варење, што повеќе бои за јајца, малку алуминиумска фолијаПодготовка: јајцата ставете ги во садот кој има дупчиња на дното. Истиот префрлете го во поголемиот сад и започнете да налевате вода. Потоа отворете што повеќе бои и истурете ги врз јајцата. Откако сте го направиле тоа продолжете да додавате вода, но само додека дојдете до јајцата. Прекријте го садот со алуминиумска фолија и започнете да ги варите од 10 минути. Кога ќе бидат готови премачкајте ги со масло.
Техника со салфетка
 
Потребен материјал: варени јајца, салфетки со интересни мотиви, една белка од јајце, четкичкаПодготовка: варените јајца оставете убаво да се изладат. Саканиот мотив од салфетките исечете го со ножички и за поставете го на јајцето. Потоа со четката земете од белката и полека премачкајте ја салфетката. Откако саканиот мотив добро ќе се залепи на јајцето оставете го да се исуши. На крај премачкајте ги јајцата со масло. 
 
 
 
 Домаќинки, еве ви предлог како оваа година да направите уникатни, велигденски јајца. Збогатете

loading...
Loading...