Портпаролот на Министерството за надворешни работи во Велика Британија ги предупреди британските туристи од опасноста да бидат нападнати од медузи во морските води на Грција. Тој изјави дека оваа година има „невообичаено многу“ медузи во морето, па им препорача на британските туристи да бидат внимателни при капењето.
Во препораката се вели дека Британците треба да се консултираат со локалните грчки власти околу „наездата“ на медузи, кои би можеле да предизвикаат болни последици.
Грчките власти ги отфрлаат како претерани предупредувањата на Форин Офисот, додека еден грчки биолог за лондонските медиуми изјави дека оваа година „нема повеќе медузи од обично“. Тој твди дека медузите во морската вода не се опасни, бидејќи не касаат.
Наезда на медузи има и во другите реони на Медитеранот, а посебно во крајбрежните води на Франција и Италија.
Британските власти појаснија дека сакаат само да ги заштитат своите туристи, откако утврдиле дека медузи има во сите делови на Грција и на Медитеранот, каде обично летуваат Британците.
Експерти објаснуваат дека медитеранските води се преполни со медузи, како и дека тие во овој регион не се смртоносни, но дека сепак може да предзивикаат проблеми.Портпаролот на Министерството за надворешни работи во Велика Британија ги предупреди британските туристи од опасноста