БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Погледнете како ви ги извлекуваат парите, во кафеана со помош на овие трикови!

Добро графички создадено мени кое всушност може да влијае колку пари ќе потрошите.Менаџерите и сопствениците на ресторани особено внимание, посветуваат на менито, и кога ќе се каже тоа, не се мисли конкретно на квалитетот на менито и јадењата во него, туку на графичкото украсување на менито.
Всушност постојат неколку психолошки трикови кои можат ви извлечат повеќе пари отколку што ви биле планирани.
1. Не користат знакови на валути
Знакот на долари, евра, денари или поточно било која валута се избегнува во менито на рестораните бидејќи тоа ги потсетува клиентите дека трошат од своите пари, велат психолозите. 
Истражувачите утврдиле дека на гостите, на кои им е дадено менито без знакови на валутите, потрошиле значително повеќе пари од оние на кои им било дадено менито во кое имало знакови на валутите.
2. Трикови со броеви
При формирање на цените на менито многу внимателно користат број 9 за да се потенцира вредноста на оброкот. Она што го покажала една студија е дека цените како 9,95 се многу попривлечни за потрошувачите од цените како 9,99 кои секаде ги има.
3. Користење на исклучително убави описи
Се покажало дека во рестораните кои имаат менија каде што оброците се опишани на еден убав и пријатен начин ја зголемиле продажбата за околу 27 % од оние кои не го практикувале овој начин.
 4. Храната ја поврзуваат со семејството 
Гостите во ресторанот, попрво би избрале јадење кое се нарекува „бабина пита“ „теткината салата“ , отколку да ги изберат ако во менито само пишува, “пита”, “салата”.
5. Визуелно нагласуваат храната
Кога името на храната е со задебелен фонт, подвлечено со некоја боја, се чини многу повеќе атрактивна отколку кај другите на менија. Сепак одредени ексклузивни ресторани го избегнуваат овој вид на „декорирани“ мени, со цел да не изгледаат премногу упадливи и видливи.

6. Одвлекување на вниманието
 Овде станува збор за едноставен трик. Во менито секогаш ставаат барем една чинија јадење кое чини неверојатни 1.200 динари. Па така другите три-цифрени цени на јадења ќе ви изгледаат многу поверодостојно. А всушност цело време тие биле целта. 
7. Голема и мала порција
Понудите од типот голема и мала порција, каде нели се разбира малата порција е секогаш поевтина. И вие секако ќе се одлучите за малата порција која чини поевтино, но никогаш во менито не стои колку е мала, таа мала порција во споредба на големата. Повторно ја достигнале целта бидејки од самиот старт ја продаваат малата порција, а големата е таму чисто за споредба. Таа мала порција со пониска цена е всушност вистинската цена.
8. Во горниот десен агол
Според едно истражување, една третина од гостите го нарачуваат првото јадење кое ќе им го привлече вниманието. Па затоа рестораните секогаш во горниот десен агол на менито ги ставаат најпрофитабилните јадења затоа што човечкото око прво би погледнало таму.
9. Ограничување на изборот
Рестораните би требало да се стремат на клиентите во менито да не им откриваат баш се што имаат, за тој да се врати и некој следен пат. Оптималниот број за ресторани за брза храна е 6, а за оние кои се ексклузивни се движи од 7 до 10.
10. Пријатна атмосфера
Истражувањата покажале дека гостите во рестораните во кои се пуштала класична музика поминуваат повеќе време отколку во оние ресторани каде репертоарот е поп музиката.Менаџерите и сопствениците на ресторани особено внимание, посветуваат на менито, и кога ќе се каже тоа, не се мисли конкретно на квалитетот на мени

Пронајдете не на следниве мрежи: