Бил член на Илуминатите 47 години: Реши да прозбори за Путин, тајни бункери, ХААРП…

Илуминатите со години една од главните теми на теоретичарите на заговор низ светот, а деновиве американските медиуми на големо ја пренесуваат „приказната“ на еден нивен член којшто решил да открие некои работи. Овој пат, можеби за прв пат ја добиваме вистинската слика за она што се случува во тајното друштво по сведочењето нa нивен поранешен член за американските медиуми. Некогашниот, наводен член на Илуминатите тврди дека бил регрутиран кога имал само 19 години, но после еден состанок, тој вели дека едноставно морал да избега од организацијата. Како што вели, член на Илуминатите бил 47 години.
Тој тврди дека поранешниот претседател на САД, Барак Обама е член на Илуминатите и нагласува дека светските лидери се подготвуваат Третата светска војна да ја дочекаат во своите специјално направени бункери. Како што вели, еден од најголемите бункери се наоѓа под аеродромот во американскиот град Денвер.
Низ светот постојат вкупно 439 бункери. Сите тие, како и базите, се контролирани од Илуминатите. Најголем дел од нив се наоѓаат во Сао Пауло во Бразил. Во еден од бункерите таму можат да се сокријат 5 илјади луѓе и таму да престојуваат цели 10 години“ – вели тој и додава:
„Лично бев во тој бункер и тој е поголем од сѐ можете да замислите. Во бункерот е предвидено да се сместат најбогатите 5 илјади луѓе, најпаметните и најмоќните луѓе на светот кои што би биле заштитени од термонуклеарна војна, природни или било какви други глобални катастрофи“. Според неговите зборови, клучните личности од историјата како што се Леон Троцки, Абрахам Линколн и Садам Хусеин, престојувале во тој бункер за време на големите конфликти. Уште една од неговите теории е дека постои поставен ХААРП систем под Тихиот Океан, кој се разликува од тој кој што досега ѝ е познат на јавноста и се разликува неговата технологија, а истиот се користи за контрола на времето. Според него, претседателот на Русија, Владимир Путин, исто така бил член на  Илуминатите и бил поставен да владее со Азија.
И додека едни тврдат дека станува збор за некој што сака да го привлече вниманието врз себе и да стане познат, теоретичарите на заговор тврдат дека постојат податоци кои покажуваат дека некои од изнесените работи се точни. (Daily Star)

Пронајдете не на следниве мрежи: