Маж, којшто се нашол на потерница издадена од полицијата на Охајо (САД), не бил задоволен со својот изглед на фотографијата од потерницата и одлучил да направи селфи за да ѝ помогне на полицијата со „поубава фотографија“.Доналд „Чип“ Паг е баран од страна на полициската станица во Лима поради непојавување пред судот, како и други случаи кои вклучуваат пироманија и вандализам.
Меѓутоа, овој 45-годишен маж не бил задоволен со фотографијата од потерницата. Затоа одлучил да прати подобра фотографија од себе на која е во одело, со очила за сонце и во автомобил.
„Еве ми подобра фотографија од мене, онаа што ја поставивте е навистина ужасна“ – напишал тој.
Од полициската станица му се заблагодариле на Доналд околу помошта со фотографијата, но исто така го замолиле „кога веќе толку е внимателен“ да се јави во полициската станица за да поразговараат за обвиненијата кои се водат против него.Доналд „Чип“ Паг е баран од страна на полициската станица во Лима поради непојавување пред судот, како и други случаи кои вклучуваат пи