Била една од најуспешните бизнис жени, а мажот ја тепал 20 години и боледува од рак

Жените жртви на семејно насилство минуваат низ пекол.  Со години се надеваат на подобро утре, на промена. Приказната на оваа 65 годишна жена е потресна. Жени со вакви приказни има и во Македонија. Животот нема реприза – не трпете семејно насилство !!!!!Жените жртви на семејно насилство минуваат низ пекол.  Со години се надеваат на подобро утре, на промена. Приказната на оваа 65 годишна жена е потресна. Жени со вакви приказни има и во Македонија. Животот нема реприза – не трпете семејно насилство !!!!!
Драгана Јерчиќ има 65 години. Таа беше една од најуспешните бизнис жени во Србија. Течно зборува три странски јазици, има освоено бројни награди за особен придонес кон општеството и има две деца. Има сопруг, кој 20 години ја тепа безмилосно – молчела и трпела, бидејќи е воспитана дека бракот е светост и треба да се сочува. По 20 години тортура го пријавила кога и ги скршил двете раце. Заминала во сигурна куќа. Сега и брани да ги чуе децата, а таа боледува од рак и не знае колку ќе е жива. Ќерката и е во Америка и во надеж дека ќе чуе дека мајка и ја бара ја раскажува својата приказна.
Расплакана, раката и се тресе додека го пие кафето, Драгана ја започнува својата приказна за Ало.
“Мојот сопруг Миленко беше првично прекрасен човек. Точно, ние не се сакавме многу, но јас и не сакав Ромео и Јулија љубов, сакав само почит и ништо друго. Се земавме, а јас имав агенција за сметководство, добив ќерка и син, заработив многу пари. Мислев дека во мојот живот неможе да биде поубав. Бев среќна.
– Како тогаш се сврте работата?
– забележав дека нештата исчезнуваат од куќата. Илјадници марки, и накит, секој ден нешто. Мене бизнисот ми напредуваше, а маж ми дури и не можеше да  задржи работа. Даваше и добиваше откази, никаде не му чинеше, а со мене не сакаше. Кога нешто скапо ќе исчезнеше од дома татко ми даваше пари – се само да молчам да се спаси бракот. Погрешно бев воспитана и примитивна дека бракот е поважно од било што. Меѓутоа, додека тато беше жив Миленко не се осмели да ме тепа. Тој се плашеше од него. Штом татко ми почина, хоророт започна.
– Што се случи?
– почна да пие , а кога пиеше ме тепаше секогаш. Викав и полиција неколкупати кога ме тепаше пред децата. Полицијата ја молев да ме заштити, а тие велеа – нема мртви, нема крв. А тој ми ги кршеше прстите, ме удираше со шипка по глава.
– Како го издржи насилството?
– Јас работев. Се обидов да им помогам  на другите, кога веќе не можев себеси. Помогнав на Црвениот крст, давав крв повеќе од 60 пати, донирав пари. Сите ме почитуваа, весници пишуваа за мене и кога ќе се вратев дома, тој ќе почнеше да вика, да ме навредува, да ми ја фрла шминката, кине гардеробата.
– Но, вие не сте разведени?
– Ма побарав од него да ми даде развод. Му нудев да му платам, му ја дадам куќата. Но тој се закануваше дека ако заминам ќе ги убие децата и мене. Во очај барав помош. Се запознав со еден човек тогаш од Владата кој ми помагаше, подоцна се вљубивме еден во друг. -Намерно му кажав и на сопругот за да ми даде развод но работите само се влошија.
Ми рече дека нема шанси да ме пушти дека му треба некој да го искористува. На крајот му бев банка, а не жена.
Со партнерот бевме заедно 12 години. Ме тешеше, ме лечеше. И лечејќи ме мене, грижејќи се за моето здравје тој почина.
Сте биле болни?
– Се ‘уште сум. Рак, од истото и тој почина, но преокупиран со мене доцна дозна, срце ме боли не можам да си простам. Јас добив  рак на дојка и 17 години се борам со него. Бев и на операција но ракот е сеуште тука. Не знам уште колку живот ми останува. На сопругот прво не му кажував, не сакав да се сити. Но и кога му кажав тепањето не престана. Оперирана ме тепаше, а јас со раката се обидував да го заштитам болното место.
– А децата?
– и ним долго не им кажував. Откако ќерката ме праша еднаш: “Мамо, дали сме ние богати?” јас ја однесов до продавница и купивме касетофон и телевизор. Касетофонот го однесовме во домот за слепи, телевизорот во дом за глуви. Велам: “Богати се, душо, тие што имаат да дадат на другиот и се додека се здрави.  И таа ме прашува дали сум здрава. Велам ,,Јас сум се додека си ти добро,,.
– Како стаса до заштитената куќа?
– Од очај го изгубив волјата за живот. Сакав да се убијам, да ја запалам куќата, да скокнам од шестиот кат. Си купив и гробно место, но докторот кој ме лечеше ми даде воља, ме разубеди. Еден ден сопругот ми ги искрши двете раце. Се јавив во центарот и тие ме згрижија во сигурната куќа. Кога се вмешаа тие маж ми сега ме заобиколува, се исплаши малку. Тогаш решив да се борам за ќерка Елена.
– Каде е вашата ќерка сега?
– Во Америка, на работа. Среќна сум што отиде, да не гледа што се случува. Но знаете, таа сега очекува бебе – ми кажаа. Јас не сум ја чула две години. Се обидов преку неговиот компјутер, но ми го гасеше интернетот, ме тепаше. Не ми дава ниту број ниту адреса, не можев да го чујам нејзиниот глас.
– А синот?
– Што можам да кажам – го сврте против мене одамна. Тој ме остави и кога ми беа потребни лекови, морав да подигнам кредит. Но , јас, сепак, ќе дадам сè за него, сè до последната капка крв.
– Кои се вашите односи со вашиот сопруг сега?
Живееме во иста куќа, само разделени, немаме повеќе контакт, и редовно ме посетуваат жените од сигурната куќа. А и сега немам веќе пари – нема што да ми земе – Се ми зеде – животот, младоста, парите ги потроши, нема веќе што да ми земе. Болна сум нека ме остави бар последните денови од животот да ги проживеам убаво. Да ја чујам ќерката.
– звучи како да сте му простиле?
– Па тие се мои. Јас немам некој друг тоа ми е семејството. А ова што го кажувам сега е апел за љубов. За мојата ќерка. Ова е мојата последена желба. Да ја чујам неа.
– Што ќе им кажете на жените кои трпат семејно насилство?
Девојки, водете сметка – секој ден што некој ќе ви го земе – нема враќање, деновите врват, нема ништо да се измени, а живот нема реприза.
 Преземено од: МКnewsЖените жртви на семејно насилство минуваат низ пекол.  Со години се надеваат на подобро утре, на промена. Приказн

Пронајдете не на следниве мрежи: