Билдерберг групата заседава во Дрезден: Тајни кројачи на новиот светски поредок

Тајната група секоја година се состанува во различна земја. Овој пат во хотелот Ташенберг во центарот Дрезден. Досега се пријавени речиси 20 демонстрации против конференцијата. Канцеларката Ангела Меркел, министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер, како и шефот на СДП и вицеканцеларот Зигмар Габриел не сакаат да учествуваат – иако добиле покани.Волфганг Шојбле, моќниот министер за финансии, оваа година е на листата на учесници на Билдербершката конференција, исто како и министерката за одбрана Урсула фон дер Лајен и министерот за внатрешни работи Томас де Мезијер.
Учесниците на Билдербершката конференција се согласуваат на посебни правила. Најважно е таканареченото правило „Четам хаус“, кое во 1927. година го поставил Кралскиот институт за надворешни работи – учесниците на конференцијата имаат строга обврска да молчат за содржината на разговорите и излагањата на референтите.
Поради тоа, овој состанок на моќниците е на мета на критики поради нетранспарентноста. Организаторите и учесниците, меѓутоа, тврдат дека тоа е ретка можност отворено да се зборува за глобални работи. Конференцијата не смеат да ја следат претставници од медиумите, освен оние кои се повикани како учесници.
Тоа што од информациите ќе продре до јавноста, е сè само не спектакуларно. Се знае дека има кружни маси, предавањата или дискусиите се одржуваат во ритам од 90 минути, и дека на паузите обично се пие вино кое мора да се плати.
По правило се зборува за решавање на глобални проблеми. Според мемоарите на поранешниот амбасадор на САД во Германија, Џорџ Меги, Билдербершката група е заслужна за создавањето на Римските договори кои претставувале претходница на денешната Европска Унија.
Етијен Давињон, белгиски претприемач и почесен претседател на Билдербершката група, вели дека во таа група е родено и еврото. Разни настани, од нафтени кризи до обединувањето на Германија, се препишуваат на оваа група. Не може да се провери што од ова е вистина. Откако постои оваа конференција, постојат и теории за тоа што е всушност нејзиното јадро.
Социологот Рудолф Штумбергер во елитниот круг гледа обид за рефеудализација на општеството. Холандскиот политиколог Кејс ван дер Пајл, смета дека интересите на таа група немаат многу врска со демократијата. Веќе со години се слушаат приговори дека Билдербершкиот состанок претставува „пре-демократска манифестација“.
Првиот состанок на оваа група бил одржан во 1954. година, во хотелот Билдерберг во холандскиот град Остербек. Првите 20 години, Билдербершката група ја водел холандскиот принц Бернхард, додека не морал да се повлече поради вмешаност во скандал со подмитување во концернот за производство на оружје „Lokheed“.
Тоа за критичарите е добар пример за преплетеност на политиката и економијата, поради што од самиот почеток со недоверба се гледа на Билдербершките состаноци.Волфганг Шојбле, моќниот министер за финансии, оваа година е на листата на учесници на Билдербершката конференција, исто како и министерката за одб

Пронајдете не на следниве мрежи: