Билјана Вуковиќ оствари посета во една од водечките компании во производство и преработка на овошје и зеленчук ДОО Фруктана

На ден 22.06.2016 година директорката г-ѓа Билјана Вуковиќ оствари посета во една од водечките компании во производство и преработка на овошје и зеленчук ДОО Фруктана с.Аргулица, како еден од корисниците на финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделствтото и руралниот развој.При посетата се оствари средба со менаџментот каде се дискутираше за искористеноста на финансиска поддршка од Агенцијата, за типот на инвестиции и постигнатите резултати од веќе имплементираните инвестициски проекти.
По однос на јавен повик 01/2009 инвестицијата се однесува на набавка на тунел за замрзнување и разладна единица со значителна вкупна вредност од 197.750,00 евра. Што се однесува до јавен повик 02/2011 инвестицијата е со вкупна вредност од 76.429,00 евра која се однесува на набавка на машина за разладување на овошје и зеленчук, машина за сечење на пиперки, машина за кршење на пиперки, машина за отсеменување на пиперки, бланшер, елеватор, метален детектор, виљушкар и рам палета, известуваат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Искористеноста на финансиска поддршка пред сѐ, се однесува на набавка на опрема за подобрување и модернизација на производствените технологии за овошје и зеленчук со вкупна вредност од 274.179,00 евра која се однесува на објавените повици во изминатите години.
Директорката на Агенцијата г-ѓа Билјана Вуковиќ истакна дека секоја година континуирано се продолжува со воведување на нови мерки и зголемување на Програмите за финансиска поддршка каде сѐ повеќе ќе се стимулира инвестирањето од обаста на земјоделството и руралниот развој.
– Како промоција на еден од најуспешните инвестициски проекти со финансиска поддршка од Агенцијата, нека биде поттик и за останатите, да можат да аплицираат по однос на Програмите за финансиска поддршка со цел да се максимизира искористеноста на средствата – истакна директорката г-ѓа Билјана Вуковиќ.При посетата се оствари средба со менаџментот каде се дискутираше за искористеноста на финансиска поддршка од Агенцијата, за типот на инвестиции и

Пронајдете не на следниве мрежи: