БИТ ФЕСТ 2015 – простор за модерни фестивалски концепти, но и оживување на битолската културна традиција

БИТ ФЕСТ 2015 – простор за модерни фестивалски концепти, но и оживување на битолската културна традиција„Битола Шекспир фестивал“- еден поинаков фестивалски концепт По трет пат интернационалниот „Битола Шекспир фестивал“во рамките на БИТ
ФЕСТ 2015 – се потврдува како оригинален фестивалски концепт, зашто претставува вистинско случување, кое во себе вклучува живо дејствување и интерес кон театарот, драматургијата и ненадминливиот Шекспир. Што друго овој фестивал го прави посебен?
– интернационалноста нуди огромен простор за размена на искуства и учење на сите светски театарски процеси (европски, балкански, американски театар),
– Битолскиот народен театар беспоштедно нудејќи, но и учејќи од големите занаетчии во театарската фела, стои цврсто во категоријата – еден од најдобрите театри во Државава,
– временскиот простор на фестивалот и Битола искористени за работилница посветена на Сонетите на Шекспир, а ќе ја води Рандел Мартин, шекспиролог од Канада, која всушност е резултат на заедничката соработка со Лит Мун, тетарската компанија од Санта Барбара, Калифорнија, САД, а нејзината промоција ќе биде на следното фестивалско издание во Битола.
– Сцената на Битолскиот народен театар, сцена на најизведуваниот Шекспир во Македонија, а и место каде што веќе по трет пат успешно функционира еден концепт на еден поинаков аспект и третман на Шекспировскиот театар, кој што прераснува во голема меѓународна акција, прифатен од театарските истомисленици и во Србија и во соседна Бугарија. Бит фест 2015 во својот оригинален концепт вклопува од силни индивидуални уметнички креации до реномирани фестивалски случувања, како третото интернационално издание наБитола Шекспир Фестивал (22 – 28 јули).
Вечерва на сцената на БНТ, со почеток 20:00 часот, со премиерата на Битолскиот народен театар, „Антоние и Клеопатра“, во режија на Џон Блондел. 
Битолскиот дувачки оркестар – обновена културна традиција (концерт 22.07.2015. Магаза, 21.00 часот)
Обновениот Битолски дувачки оркестар, за прв пат беше дел од програмата на БИТ ФЕСТ мината година, за годинава во март пред полната сала на Центарот за култура во Битола да го одржи својот прв целовечерн концерт со солистот од виенската опера Дејан Тошев и да ја воодушеви битолската пребирлива публика. Марјан Бакревски е диригентот на Битолскиот дувачки оркестар и човекот кој што ја обнови битолската долгогодишна музичка традиција. Марјан Бакревски е роден во Битола каде што завршиува  основно и средно музичко образование во класата кларинет на проф. Панде Татарчевски. Високото образование го продолжува на Факултетот за Музичка
Уметност во  Скопје, Бостонскиот Конзерваториум во Бостон – САД, а магистерските студии ги завршува во Моцартеум во Салзбур, Австрија. Покрај повеќето освоени први награди на државни и меѓународни натпревари,  како кларинетист има настапувано со New England Philharmonic, Charles River Wind Ensemble, k.u.kRegimentskapelle IR4, KagranBlasmusik, DorfmusikStrebesdorf. Бакревски има настапувано на повеќе солистички и камерни концерти во државата, како и во Србија, Бугарија, Америка, Австрија и Германија. Неговите солистички настапи се бројни, а учествувал во оркестарот на Скопски Солисти, оркестарот на Факултетот за Музчка Уметност – Скопје и Македонска Филхармонија.„Битола Шекспир фестивал“- еден поинаков фестивалски концепт По трет пат интернационалниот „Битола Шекспир фестивал“во

Пронајдете не на следниве мрежи: