Битката меѓу Зоран Заев и ДУИ за освојување на гласовите на најрадикалните Албанци во Македонија се вжештува. Праксата која ја имаа албанските партии во предизборието, играњето на национална карта со цел привлекување на гласовите на радикалните Албанци, сега стана дел и од кампањата на Заев и СДСМ.На СДСМ и Заев им е повеќе од јасно дека ја немаат довербата и поддршката од македонското гласачко тело и дека се соочени со голем пораз после сите спроведени црни сценарија, па одлучија да станат сервилни на албанските радикали повеќе и од ДУИ.
Во ловот на гласови, Заев најави федерализација на Македонија, промена на Уставот и воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија.
Заев во низа скандалозни и антимакедонски изјави ја обвини македонската власт дека таа била одговорна за лошите односи на Македонија со соседите, нагласувајќи дека “проблемот е во Македонија“. Заев пред албанските иселеници во Швајцарија отворено ја искритикува Македонија и застана во одбрана на Косово, Албанија, Грција, Бугарија и Србија. Нагласи дека не можело сите тие да не се во право, односно потенцираше дека грешката била во Македонија.
– И не може сите да бидат лоши околу нас, а ние да сме најдобрите. Ако сите се скарани со Македонија, проблемот е во Македонија, изјави Заев.
Заев и пред албанската дијаспора отворено говори за еднаквоста при употреба на јазиците, односно воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија.
-Јас сум истиот Зоран Заев, кој што ја отвори јавно употребата на јазиците во Македонија и еднаквоста и рамноправноста во државата. Јас сум истиот тој што го гледавте и по Фејсбук и по телевизии кој отвори штабови во Арачиново и Чегране. Македонија ја замислувам, ако знаеме кинекси, кинески да се разбереме, ако знаеме англиски, англиски да се разбереме, француски- француски, албански- албански, македонски- македонски, да се ослободиме, рече Заев.
Во своето обраќање Заев се осврна и на Охридскиот рамковен договор, за кој вели дека “мора да се оди преку него“ доколку сме верувале во “еднаквоста и рамноправноста“. Заев нагласи дека Рамковниот не бил доволен и требало да се напуштат рамките.
-Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21- век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец, вели Заев.
Тој изјави дека ако било „грдо лицето на Македонецот“, тогаш не било важно што ќе изгубел македонски гласови, ќе дошле други избори.
Заев изјавуваше дека во борбата за глас повеќе од Албанците е подготвен албанскиот јазик да стане официјален јазик во сите градови на Македонија, па дури и во Прилеп, Штип, Струмица и останатите градови каде што живеат над 90% етнички Македонци.
Артан Груби од ДУИ, пак, денес истакна дека еден од клучните столба на Платформата 2020 на партијата е заокружувањето на официјалната употреба на албанскиот јазик.
Според него, со одобрување на посебен закон за употребата на албалнскиот јазик во новиот парламентарен состав, Македонија ќе станела посилна и еднаква.
Клучен столб на изборната програма на Демократската Унија за Интеграција е токму регулирањето на употребата на албанскиот јазик со другиот официјален јазик и тоа во сите нивоа во согласност со Охридскиот Договор.Македонските партии треба да се ангажираат за законитоста и следствено да го спроведат амандманот V на Членот 7 од Уставот кој е многу јасен и тоа што има потреба е хармонизацијата на законската регулатива со Уставот. Потребата за промена на законската рамка потекнува од квантитативна и квалитативна анализа на Рамковниот Охридскиот Рамковен Договор, кој се спроведува со поддршка на меѓународната заедница и тоа беше барање на Европската Комисија, вели Груби.
Тој најавува дека ДУИ во слдниот 4 годишен период ќе остане посветена на спроведување на Охридскиот Договор и Уставот и да се прифати јазикот како еден важен елемент на идентитетот и како средство за зајакнување на идентификацијата со државата и поттик за разбирање помеѓу заедниците.
-Да се воведе еден сеопфатен закон за употребата на јазиците, кој ќе биде усогласен со Амандманот V член 7 од Уставот, да се регулира правото на сите граѓани да се обратат на централните институции и на албански јазик, без оглед нивното населување, правото на превод на подзаконски акти на англиски јазик, автоматско пуштањето на личните документи на граѓаните на официјалните јазици на албанската заедница, доведе со парламентарните седници на албански јазик, да се појаснат одредбите на јазикот во Законот за Локална Самоуправа, вклучувајќи го и градот Скопје, стандардизација на употребата на официјалните јазици за сите јавни знаци, целосно спроведување на јазичните права во судскиот сектор, ветува Груби.На СДСМ и Заев им е повеќе од јасно дека ја немаат довербата и поддршката од македонското гласачко тело и дека се соочени со голем пораз после сите