За првпат по распадот на Кралството Југославија, Македонци и Срби си ги вперија пушките едни во други чекајќи наредба за оган. За тие што не се сеќаваат, нашата држава беше пред отворен воен судир со Србија пред нешто повеќе од 16 години. Тензијата на Чупино Брдо, мошне важна воено-стратегиска точка кај Крива Паланка, на самата граница со Србија, како и многу други настани од македонската историја, остана неразјаснета, а таква е и сега.Официјалниот став на нашите власти и натаму е дека станува збор за провокација од српска страна, која е решена мирољубиво, додека за Србија не може да стане збор за провокација бидејќи границата тогаш не беше обележана, што е точно. И двете страни може да се каже дека тогаш биле во право, но, сепак, на ливадата на Чупино Брдо, на истото место каде што српските војници ги поставија своите шатори, стои граничниот камен на кој пишува Република Македонија. Кон крајот на летото 2005 година него гордо го отвори Илинка Митрева, тогашната министерка за надворешни работи, заедно со Горан Свилановиќ, нејзиниот колега од тогашната СР Југославија.
Што се случи навистина
„На 14 јуни 1994 година Војската на СР Југославија влезе 250 метри на територијата на Република Македонија кај местото Чупино Брдо, кај Крива Паланка. Се повлече на 2 јули 1994 година“. Само ова стои во делот за историјатот на АРМ на интернет-страницата на Министерството за одбрана. Нема објаснување зошто војската од север воопшто упаднала на македонска територија, ниту кој преговарал. Го нема ни делот што тогаш во 1994 година беше објавен во медиумите, дека УНПРЕДЕП помогнал во преговорите, иако тогашната мисија на ООН воопшто и немала мандат за тоа, туку била задолжена само за границата во делот со Косово и со Албанија. Затоа, пак, медиумите и во Србија и во Македонија (тогаш сите медиуми во двете земји сѐ уште беа под директна контрола на државата) известуваа со две крајно спротиставени верзии за инцидентот. Белградска „Политика“ отиде дотаму што пишуваше како да почнала војна меѓу двете земји:
„Македонците отворија минофрлачки оган на нас, без никакво предупредување. Чиста среќа е што никого не погодија. Ние возвративме со нашето оружје и тие веднаш се повлекоа“, изјавил еден војник за весникот, кој, наводно, бил на Чупино Брдо. Некои македонски медиуми, пак, шпекулираа дека тукушто формираната единица „Волци“ ги нападнала Србите на спиење, ги заробила и ги натерала да си одат на нивна територија.
Се чини дека ништо од ова не е точно. Порталот „Република“ направи интервју со неколкумина директно и индиректно вклучени во инцидентот и ниту еден не кажа дека дошло до размена на оган, иако верзиите повторно беа различни.
– Станува збор за обична провокација од српска страна и за ништо повеќе. Непосредно пред инцидентот, војската на СР Југославија, поточно 52. Приштински корпус, вршеше вежби во близина на Чупино Брдо. Еден вод нивни војници преминале еден поток под ливадата и едно 250 метри навлегле на наша територија. Српските војници поставиле шатори на таа ливада. Позицијата е одлична на набљудување. Нашите граничари ја известија командата, по што беше дадена наредба прво да се испрати извидувачката чета, а потоа околу Чупино Брдо беа распоредени воените специјалци „волци“. Специјалците само што беа формирани, не беа во формација ни два месеца, ова им беше прва акција. Немаше размена на оган, тензијата траеше две недели, српската војска се повлече и толку, ни раскажа еден офицер.
Кој и што преговарал не знаеше или не сакаше да каже. Паѓа в очи и непостапувањето според Законот за одбрана (донесен претходната 1993 година), кој налага граничарите да отворат оган по две предупредувања.
Мирослав Стојановски- Спасувањето на Драгољуб Боцинов од српскиот затвор, формирањето на единицата „Волци “ од Мирослав Стојановски или чисто борба за поголема територија на сметка на Македонија – мистеријата зошто српската војска упадна на македонска територија до денес не е разрешена
Битка за честа?
Но, за случувањата околу Чупино Брдо, сепак, е поважен мотивот за целиот настан, односно зошто дошло до српската провокација. Во размислувањата на нашите соговорници најчесто се споменуваат две имиња – тоа на некогашниот вицеадмирал на ЈНА Драгољуб Боцинов и тоа на тогашниот полковник Мирослав Стојановски.
Првиот во нашава анализа за можна причина за инцидентот на Чупино Брдо, Драгољуб Боцинов, е човекот што беше доживеан како непријател на Србија, а само на една година пред Чупино Брдо, Боцинов, со чин генерал-полковник, станал началник на Генералштабот на АРМ. Вицеадмиралот на Југословенската воена морнарица, заповедник на военото пристаниште Лора кај Сплит и началник на Морнаричкиот спортски центар, влезе во хрватската историја како адмиралот што во 1991 година одби да го разнесе Сплит иако за тоа доби наредба директно од Генералштабот на ЈНА.
Повеќе на РепубликаОфицијалниот став на нашите власти и натаму е дека станува збор за провокација од српска страна, која е решена мирољубиво, додека за Србија не може