Имајќи ја предвид големата желба на битолчани, силната спортска мотивираност и насоченоста на локалната самоуправа кон развој и реализација на проектот „Битола спортски град“, проектот за изградба на стадионот под Тумбе кафе продолжува да се реализира со голем интензитет. И денес, градежните активности под Тумбе кафе се одвиваат со силна динамика, со цел што поскоро Битола да добие стадион каков што заслужува.Базичната форма на новиот објект „Фудбалски стадион за 12 000 гледачи“ има форма на арена, а северната трибина на која што се одвиваат градежните активности во моментот е со капацитет од 4764 гледачи. Трибината се полни низ седум излези на трибини, односно седум сектори кои се поврзани помеѓу себе со внатрешен ходник. Трибината е организирана во 19 – 21 ред со 4618 места за посетители, 146 места за почесни гости, кабини за новинари (12), кабини за коментатори (2) со 8 места.
Подтрибинскиот простор на северната трибина е распределен на три нивоа, додека четвртото ниво е над самите трибини, односно претставува дел од трибинскиот простор, бидејќи се наоѓа во негово продолжение. Типот и организацијата на просториите е во согласност со пропозициите на УЕФА и програмските барања на инвеститорот – Општина Битола, а со цел правилно функционирање на фудбалскиот стадион.
После завршувањето на изградбата на северната трибина и реконструкцијата на јужната, ќе се пристапи на реализација на останатите фази од проектот, односно изградба на западната и источната трибина. Западната трибина собира 1234 гледачи, а истата се полни низ 2 излези на трибини, т.е два сектори со редни броеви 1 и 2.
Источната трибина собира 1234 гледачи и истата се полни низ 2 излези за трибини т.е оваа трибина има два сектори со редни броеви 10 и 11.
Проектот кој веќе се реализира е изработен согласно интересот и барањата на голем број заинтересирани граѓани, спортисти, навивачи, претставници од училишниот спорт и спортските клубови, кои присуствуваа на јавните презентации, организирани во процесот на изработка на проектот за изградба на стадион под Тумбе кафе.
ГП Гранит интензивно работи согласно предвидениот динамички план, а вредноста на оваа фаза од реализацијата изнесува над 5 милиони евра и истата треба да биде реализирана за помалку од две години.
На овој начин, инвестирајќи во спортската инфраструктура, давајќи им поддршка на спортистите и спортските клубови, Општина Битола, системски и програмски, инвестира во обезбедувањето на подобра иднина за развојот на спортот во општината, насочувајќи ги младите кон активности кои ќе им овозможат правилен психофизички развој и здрав дух, а притоа, недвосмислено, реализирајќи ја идејата за „Битола спортски град“, локалната самоуправа инвестира во иднината на општината.Базичната форма на новиот објект „Фудбалски стадион за 12 000 гледачи“ има форма на арена, а северната трибина на која што се одвиваат
Пронајдете не на следниве мрежи: