Многу деца се прославија со улогите во филмови и серии и сите мислевме дека ги очекуваат големи кариери.За жал, некои од нив немале можност да го исполнат својот потенцијал. Таков е примерот со глумецот Карл Дин Свитцер, кој се прослави по улогата на Алфалфа во серијалот кратки филмови „Our gang“, кој бил убиен по кавгата со познајник на кој му го тренирал песот, а причина за кавгата биле 50 долари.
Карл Дин ја започнал кариерата како детски актер во 30-тите години на минатиот век. Имал само 7 години кога во 1935 година ја добил улогата на Алфалфа, која го одбележа и по која го доби истиот прекар.
Во следните пет години се појавил во 75 кратки филмови, а во 1940 година го напуштил серијалот на 12-годишна возраст. Во времето кога серијалот се снимал, телевизија била во своите почетоци. Свитцер сите го познавале, но тој никогаш финансиски не профитирал од својата слава, па освен глумата, за живот заработувал работејќи како келнер, тренер на кучиња, водич на лов. По филмскиот серијал „Нашата банка“, тој имал помали улоги во 60-ина филмови, вклучувајќи ги и „Мојата омилена русокоса“ (1942), „Човечка комедија“ (1943), „Одејќи по мојот пат“ (1944), „Животот е убав“ (1946), „Пит и Мајк“ (1952), додека во филмот „Десетте божји заповеди“ од 1956 година во режија на Сесил Б. Демајлс глумел роб.
До крајот на 1937 година по својата популарност Карл ја престигнал ѕвездата Џорџ Спенки Мекфарланд. Тој бил познат по своите будалштини на сетот и по несолените шеги што ги смислувал со другите деца.Во 1954 година тој излегол на состанок со Дијантом Колингвуд, наследничка на царството „Колинвуд греин“.
Се венчале во Лас Вегас три месеци подоцна и од нејзината мајка добиле фарма. Во почетокот на1956 година им се родил синот Џастин Ленс Колингвуд Свитцер, а двојката веќе следната година се развела.Свитцер неколкупати дошол во судир со законот во текот на 50-тите години. Во ноември 1958 година бил уапсен поради сечата на 15 стебла во Секвоја националниот парк, поради што бил осуден на една година условна казна и требало да плати 225 долари.
Имал и многу непријатели, и непознат напаѓач пукал во него додека влегувал во својот автомобил пред некој бар, куршумот го скршил стаклото и му ја повредил десната надлактица на актерот. Напаѓачот не бил никогаш фатен.Алфалфа го тренирал кучето на својот познајник Мосес Самуел Стилц, кое побегнало за време на лов трчајќи по мечка.
Свицер понудил награда од 50 долари за негово наоѓање. Неколку дена подоцна, тој му платил 50 долари на човекот што го пронашол кучето, но по една ноќ на пијанство одлучил да ги побара тие пари од сопственикот на кучето.
Пијан со својот пријател Џек Пиот на 21 јануари 1959 година тргнал кон домот на сопственикот на кучето за да ги добие назад парите што ги дал за негово пронаоѓање. Му тропал на врата покажувајќи му лажна полициска значка и му викал да го пушти внатре, по што следела жестока кавга.
Свицер му побарал 50 долари, на што Стилц му рекол дека е луд и да се губи од неговиот дом. Во тој момент актерот го удрил по глава со стаклен часовник, а Стилц крвав со исеченица над окото побегнал во својата соба од која излегол со пиштол.
Дошло до физичка пресметка по што Свитцер го затворил Стилц во ормар. Актерот во тој момент извадил нож и му се заканил дека ќе го убие, на што Стилц пукал и го погодил во стомакот. Актерот починал на пат до болница.
Неговата смрт е окарактеризирана како убиство од самоодбрана. Погребан бил во меморијалниот парк на Холивуд, каде што се погребани и Мел Бланк, Даглас Фербенкс и Рудолф Валентино. На надгробната плоча е изгравирано неговото име, има цртеж со куче, два масонски симбола и натпис: „Сакан татко, син и брат“.
Подготви:Б.В.За жал, некои од нив немале можност да го исполнат својот потенцијал. Таков е примерот со глумецот Карл Дин Свитцер, кој се прослави по улога