Бизнис условите во Македонија поволни, странските инвеститори задоволни

Странските инвеститори се задоволни од деловното работење во Македонија и 84 отсто од нив повторно би инвестирале тука доколку за тоа имаат можност. Ова е заклучокот од најновото истражување што го спроведе Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија во периодот март – април 2015 година, а денеска го презентираше претседателот на Советот Штефан Петер.-Доказ за тоа дека ова не се празни зборови, е одлуката на „Ван Хул“ да ја отвори втората производна линија, како и најавата на „Џонсон Контролс“ да изгради уште една фабрика во Струмица- истакна Петер. Странските инвеститори оцениле дека одолговлекувањето на политичката криза во земјава ќе има долгорочни последици врз македонското стопанство.
-Можно е странските компании да ги одложат плановите за инвестирање, што е очекувана реакција. Но, ако политичкото опкружување се стабилизира побрзо, тогаш, не само што ќе привлече нови инвестиции, туку ќе им помогне и на сегашните, постојните, да ги прошират своите деловни активности- потенцира Петер. Според истражувањето, 68 проценти од компаниите успеале да ги исполнат планираните деловни активности, 72 отсто не очекуваат никакви промени во реализацијата на своите бизнис планови, а 20 отсто очекуваат подобрување.
Само осум проценти се песимистични, односно предвидуваат влошување на економските резултати во следниот период, но тие, посочи Петер, се главно извозно ориентирани и нивната деловна активност зависи од договорите склучени на меѓународниот пазар.
Претседателот на Советот подвлече дека странските инвеститори се задоволни од даночната политика во Македонија, висококвалитетната работна сила и стабилното деловно опкружување, но и натаму се соочуваат, како што се изјасниле во истражувањето, со недостиг на правна, општествена и политичка стабилност. Како проблеми ги посочуваат и административните постапки, честите промени на законските решенија и недоволно ефикасната борба против корупцијата. Дури 84 проценти од странските инвеститори сметаат дека членството на Македонија во ЕУ значително ќе го подобри деловниот амбиент поради што, земјава треба повеќе внимание да посвети на ова прашање.
Советот на странски инвеститори брои 118 членки и годинава одбележува една деценија постоење. По овој повод, на 5 јуни ќе организира хуманитарен настан на кој се сите добредојдени, а ќе имаат можност да дегустираат храна од преку 10 земји од каде што доаѓаат членките на Советот. Парите од хуманитарниот настан ќе бидат донирани на народните кујни низ Македонија.-Доказ за тоа дека ова не се празни зборови, е одлуката на „Ван Хул“ да ја отвори втората производна линија, како и најавата на „

Пронајдете не на следниве мрежи: