Благица Павловска: „Фарма“ не е за мене, почнав да цртам светци!

На Македонската фолк-пејачка Благица Павловска не ѝ се допаѓа вулгарноста на „Фарма“ и смета дека не припаѓа таму…Македонската фолк-пејачка Благица Павловска не станала дел од „Фарма“ затоа што не стигнала да им одговори на организаторите на понудата, пишува „Утрински весник“.
– Ја гледам „Фарма“ и има моменти кога мислам дека не припаѓам таму. Да не се разбереме погрешно, можам да бидам таму, можам да бидам секаде, во мојот живот надминав многу и се соочив со многу нешта, дали со колеги, дали со луѓе и карактери. Но, што не ми се допаѓа на „Фарма“? -Вулгарноста, тоа за мене е катастрофа. Никогаш во животот не сакам да бидам вулгарна, ниту сум била, ниту сум дозволила од мојата уста да излегуваат валкани работи. Не знам како би го преживеала тоа – вели Павловска во интервјуто за „Утрински весник“.
Познатата пејачка открива дека во моментов не е насочена кон наоѓање на „принцот на белиот коњ“, туку е посветена кон Бог и кон духовноста.
– Последните четири години сум препуштена на креација и на молитва кон Бог. Бог ми ги отвори духовните очи, ми даде светлина да креирам, почнав да пишувам песни, музика, а последно е што почнав да цртам, во тетратката имам неколку светци што ги нацртав – вели Павловска.Македонската фолк-пејачка Благица Павловска не станала дел од „Фарма“ затоа што не стигнала да им одговори на организаторите на понудат

Пронајдете не на следниве мрежи: