БЛАМОВИ НА ДЕВЕРУШИ кои ќе ве насмеат до солзи

Традиционите американски венчавки подразбираат присуство на деверуши кои ја следат невестата во целиот процес, како и на самата церемонија. Меѓутоа некогаш работите тргнуваат наопаку и овие јадни девојки завршуваат со страшни приказни кои радо би ги заборавиле.1. Девојката со „гасовите“
– Имав проблем со гасови, веројатно од нервоза. Во моментот кога дојдовме зад невестата кај олтарот не можев да се воздржам и испиштив страшни гасови. Мирисот беше толку одвратен што ја онесвестив сестра ми,а таа падна и бутна девојка на која раката и за се заглави во ограда од клупа, па почна да вреска. До крајот на вечерта сите знаеа за мојот проблем со гасовите – вели една од посрамените девојки.
2. Грешка со тортата
– Се обидов да го отрезнам кумот со кафе, но тоа се растури на земја, а потоа тој се слизна на подот фаќајќи се за мојот фустан при паѓањето. Јас се фатив за наслонот на столот во близина притоа превртувајќи ја невестинската торта – раскажува девојката која имаше најдобра намера.
3. Презентирање на подарокот
– Една деверуша и јас требаше да опднесеме леб и вино до олтарот, но, наместо да го почекаме свештеникот, тргнавме сами. Кога ја сфатив грешката, застанав токму пред среќниот пар, но другата деверуша падна врз мен и јас го растурив црвеното вино по нашите фустани и по фустанот на невестата – ја сподели својата приказна уште една деверуша.

 

4. Смрдлива девојка со цвеќе
– Кога имав 7 години, требаше да бидам девојката со цвеќе која оди зад невестата до олтарот на венчавањето на мојот татко и макејата. Кога ме прашаа дали сум подготвена, отворив уста и наместо да одговорам, повратив на мојот фустан. Тогаш така мокра и смрдлива морав да издржам до крајот на церемонијата – раскажува девојката за приказната од своето детство поради која се уште пати.
5. Незгода со кармин
– Токму пред церемонијата, невестата ме замоли да и го поправам карминот. Беше во мала тубичка која ми падна од рака дирекно на венчаницата. Карминот се растури оставајќи жар розева дамка, а невестата почна да плаче – срамежливо признание на една неспретна девојка.  
Погледнете ги овие урнебесни фотки од свадби кои се доказ дека Русите се „Богови на пијанството“1. Девојката со „гасовите“
– Имав проблем со гасови, веројатно од нервоза. Во моментот кога дојдовме зад невес

Пронајдете не на следниве мрежи: