Затоа во СДСМ се нервозни, продолжуваат со лагите и обидите за манипулација кои не проаѓаат кај народот.И во очите и гласот на Петре Шилегов добро се гледаше стравот кој владее во целото партиско раководство. Знаат челниците на СДСМ дека по 24 април со нив е готово.
Затоа и им ја разбираме потребата да лажат во очај, меѓутоа би сакале Шилегов да го потсетиме на неколку работи: Петре Шилегов ја кочи работата на Анкетната комисија, па се жали дека тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ.
Петре Шилегов сакаше султански да ја анектира Анкетната комисија и неговиот глас да тежи колку сите останати.
Шилегов, неговиот ментор Заев и СДСМ предложија фашистички закон за медиуми, одбивајќи во Македонија да биде препишан закон од било која земја во Европа. Шилегов, Заев и СДСМ сакаа закон за медиуми по теркот на Исламската држава и Северна Кореја, па кога не го добија обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи законот за медиуми.
Трагикомедија. Но, тоа не е се. СДСМ покажа дека секогаш може да оди подолу.
Денес, опозицијата ги има во свои раце и МВР и ДИК, двете институции кои по закон и устав се единствени кои ги организираат изборите во државата, и упорно тврди дека не може да се организираат фер и демократски избори.
Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ се откажа од сите амандмани кои се однесуваат на методологијата со која ќе се прочистува избирачкиот список. Пред три години и Заев тврдеше дека за 2 недели може да се пречисти
избирачкиот список, бидејќи тогаш имаше чиста ситуација за победа во Струмица. Дамјан Манчевски од СДСМ потврди тогаш дека списокот е чист.
СДСМ има контрола и врз МВР и врз ДИК. Сите капацитети на државата им се стојат на располагање и не постои никакво оправдување за нивното бегање одnизборите.
Се може да фалсификуваат и фабрикуваат во нивните Фабрики за афери кои им ги водат партиските активисти како Чауш и другите пријатели на Заев и Спасовски. Но не може да се фалсификува и фабрикува волјата на народот која ќе ја видат по 10-ти јубилеен пат за само 90 дена.
Народот едвај чека да излезе на избори. Само уште СДСМ да се охрабри зат оа и да се соочи со најзаслужениот пораз во историјата.24 април немилосрдно доаѓа.И во очите и гласот на Петре Шилегов добро се гледаше стравот кој владее во целото партиско раководство. Знаат челниците на СДСМ дека по 24 ап